Кафе муабет
Беше еден од најпознатите македонски пејачи, се пресели во Швајцарија и сега работи како доктор- Погледнете како изгледа денес Зоран Ванев (ФОТО)
Се откажа од музиката кога му предвидуваа успешна кариера...
Зоран Ванев се прослави со хитот „Јужна пруга“, балада која и денес се пее. Кога беше на врвот на кариерата ја напушти сцената, а денес со семејството живее во Швајцарија и работи како доктор по природна медицина.
Тој се пензионираше во време кога многумина му предвидуваа успешна кариера, наведувајќи го фактот дека ги видел и доживеал лошите страни на оваа работа.
Ванев својата кариера ја започна во деведесеттите години. По неколкуте хитови на македонски јазик со кои стана поприлично популарен, тој одлучи да издаде албум и за српскиот пазар, со кој исто така оствари голем успех.
Зоран по потекло е од Македонија, роден е во Штип, а како што еднаш објавија медиумите, се откажал од сцената кога сфатил дека и покрај бројните фанови, тоа не е за него.
Неговата кариера започнала во 1993 со неговата прва песна „Ангела“. Беше многу популарен пејач во Македонија во 1990-тите години, а потоа преселувајќи се во соседна Србија стекна уште поголема слава со неговите најпознати песни „Лила“, „Оскар“ и „Јужна пруга“.
„Јас би рекол дека има најава за прекрасна кариера, затоа што бев временски кратко активен на етрадата. Можеше реално тоа да се оствари, затоа што како искусен музичар отсекогаш знае какви песни мене ми одговараат и што би можел јас да исполнам, а публиката да биде воодушевена. За жал, видов и многу лоша страна од професијата, а тоа е издавање и уценување во врска со хонорарите за моите настапи.Потоа, многу лошо организирани манифестации, затоа што секој сака на брзина од нас уметниците да аработи, секој сака на некој начин во име на менаџерот повеќе да наштети отколку чесно да го одработи својот дел од работата. Кога сето тоа ќе го собереш, таа работа и не е баш и некое уживање“, изјави Ванев за српките медиуми.
Се уште се занимава со музика, но не толку активно, бидејќи настапува и оди, како што вели, само каде што сака. Во последните четири години неговата главна професија е нешто сосема друго. Како што открил, дипломирал на Природно-медицинскиот факултет и станал признат доктор по природна медицина во Швајцарија.
„Моите студии траеја цели пет години од понеделник до недела (без пауза), затоа што од понеделник до петок студирав на природниот отсек, а секоја сабота и недела ја изучував конвенционалната медицина“.
„Затоа и исчезнав од естрадата, но не се кријам воопшто, затоа што сега се занимавам со коректна работа“.
„Имам своја пракса во Цирих веќе четири години и како доктор по природна медицина сум признат во здравственото осигурување“, изјави Ванев во една пригода за српската телевизија „Нова“.
Многумина коментираат и дека денес изгледа речиси исто како во времето на неговата најголема популарност и дека не е многу променет.