Кафе муабет
Слабост му се црнки: Новиот дечко на Анастасија Ражнатовиќ неодамна раскина со оваа пејачка
Беше во врска со убавата пејачка Сања Вучиќ...
Како што дознава српски Alo.rs новото момче на Анастасија Ражнатовиќ е успешен фудбалер.
Станува збор за Немања Гудељ, кој важи за момче кое не сака скандал, но она што е познато е дека неодамна ја раскина љубовната врска со Сања Вучиќ, членката на групата Ураган.
Пејачката Сања Вучиќ долго време не сакаше да и открие на јавноста кој и е дечко, а потоа пред неколку месеци потврди дека е познат српски фудбалски репрезентативец.
Сања потоа со него го прослави роденденот и заминувањето на Мундијалот и му посака се најдобро:
– Среќен роденден, родени – напишала членка на групата „Ураган“ на фотографијата која ја објавила на Инстаграм а на која се гледа како ужива во прегратките на нејзиното тогашно момче.
Очигледно по раскинувањето со Сања, фудбалерот решил да се впушти во љубовна врска со поп ѕвездата Анастасија.
Инаку Анастасија и Немања се знаат веќе долги години, а љубовната врска ја започнале пред месец дена.
Нивната љубовна приказна започнала преку пријатели, и по неколку заеднички излегувања започнале врска.
Како што пишува „Telegraf Jetset“, Анастасија го запознало неговото семејство и моментално ужива со нив во Шпанија.
Но сега за сега, ниту Анастасија, ниту пак Немања не сакаат да се огласуваат на тема нивната врска.
Она што е познато е дека Немања “Нено” Гудељ е роден на 16 ноември 1991 година.
Тој е српски фудбалер кој игра како централен играч од средниот ред за шпанската Севиља и за српската репрезентација.
Тој е син на поранешниот играч на белградски Партизан и Нац Бреда, Небојша Гудељ и постар брат на Драгиша Гудељ.
Тој има и српскo и холандско државјанство.