Кафе муабет

САМО ТИ МИ ФАЛИШ – Тамара и Тарабунов со ДУЕТ кој ќе ве освои на прва

Тарабунов и Тамара со дует ,,Само ти ми фалиш’’...

Популарната пејачка Тамара Тодевска постојано е во фокусот на македонската јавност. Со сите случувања кои стојат покрај нејзиното име пејачката низ текот на годините само ја градеше својата кариера.

Фото: Фејсбук/Тамара Тодевска

И покрај сите препукувања, јавен линч поради наводно згрешна химна, неспорно е дека Тамара Тодевска важи за еден од најдобрите македонски вокали.

Фото: Фејсбук/Тамара Тодевска

Изминатиот период бевме сведоци и на разводот на пејачката со бившиот кошаркар Александар Димитриевска – Мачка.

Фото: Фејсбук/Тамара Тодевска

,,Да, точно е дека се разделивме, но ќе продолжиме да одржуваме редовна комуникација. Ние имаме две деца, и многу е здраво и нормално децата да можат да растат и да поминуваат време и со својот татко. Ова не е ниту прв, ниту последен ваков случај. За мене, искрено,  многу важни се децата, нивните права и интереси да останат заштитени. Јас ја разбирам работата на медиумите и потребата од ексклузивни информации, но во овие моменти најмногу мислам на нив и сакам да останат настрана од оваа приказна, особено од медиумски преписки и слично. И Хана и Дарен посетуваат училиште, градинка, веќе не се мали, разбираат и одговорноста на мене и Мачка е голема, пред сѐ да ги заштитиме нив”, кажа Тодевска за магазинот Убавина и здравје

Фото: Инстаграм/Тамара Тодевска

Додека пак поп-пејачот Александар Тарабунов важи за еден од најактивните музичари на мекедонската естрадна сцена.

Фото/Принтскрин

Една од неговите најнови песни ,,Празен град’’ беше уште една во низата одлучни хитови  препознатливи за популарниот Тара.

Фото/Принтскрин

За оваа песна, музиката  и аранжманот се на Александар, додека пак режисерот Зоран Зонде Стојановски се јавува како текстописец.

Фото/Принтскрин

Деновиве излезе најновата песна на Тарабунов – овојпат во дует со нашата позната пејачка Тамара Тодевска.

Фото/Принтскрин

Песната е насловена како ,,Само ти ми фалиш’’ и е во диско фанк ритам.

Фото:Инстаграм/Тамара Тодевска

Спотот за песната е снимен во Младинскиот културен центар, а како режисер се јавува Зоран Зонде Стојановски.

Придружните вокали, двајцата музичари и танчерките во спотот се облечени како во 70-тите.

Фото:Инстаграм/Тамара Тодевска

Во спотот на гитара се појавува Роберт Билбилов , а како бек вокали Калина Велковска, Полина Тасева, Христина Јовановска и Лаура Крлиу.

Танчери во спотот се Илија Карадикоски, Тања Соколовска, Ивана Ристевска, Калина Трајковска, Ана Павловска, Ивана Спсовска и други.

 

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close