Нега и здравје
Се здебели 14 килограми во бременоста а сега изгледа совршено: Катарина Грујиќ со оваа фотографија ги запали социјалните мрежи
Успеа да се врати во нормала...
Пејачката Катарина Грујиќ пред само четири месеци ја доби ќерката Катја со фудбалерот Марко Гобељиќ.
По породувањето веднаш се посвети на својата линија и брзо се врати во форма, но почна и да настапува.
Таа редовно ги радува своите следбеници на Инстаграм со атрактивни фотографии, а никој не може да поверува колку феноменално изгледа само неколку месеци по породувањето.
Пејачката овој пат сподели фотографија од теретана, а во преден план се рамниот стомак и бујните гради.
„Се здебелив некои 14 килограми во бременоста, што мислам дека е сосема нормално, жената колку и да се здебели во бременоста е нормално. Што и да јадеш, треба да јадеш. Така функционирав, но јас сум некој кој сака да се храни здраво, не ми беше тешко да ослабам, бидејќи рано почнав да тренирам“, изјави претходно Катарина.
Ги делат обврските околу ќерката…
Катарина Грујиќ првиот настап го имаше само три месеци по породувањето.
Таа вели дека мајчинството ја променило на подобро и дека заедно и рамноправно со сопругот Марко Гобељиќ ја одгледува ќерката Катја.
“Мојот начин на живот се промени, но на подобро и поубаво.
Многу сум поисполнета во животот. Улогата на мајка за мене е најважната и најубавата улога во животот што може да се случи. Сè што се променило се промени само на подобро“, вели Ката за „Блиц“ и додаде:
„Отсекогаш сум била одговорна личност, а сега треба да бидам уште поодговорна и навистина сум. Би дала се за ќерка ми во животот. Правам се за неа и поголемиот дел од времето го поминувам со неа. Ме промени тоа да сум само со неа и апсолутно ништо во животот не ме интересира освен неа, и секако после неа, мојата кариера. Како што истакнува нејзиниот избраник Марко Гобељиќ, добро му оди како татко, а веќе ја разгалил ќерката Катја“.
Марко се покажа како најдобар што може.Сè прави барем со мене,освен што не менува пелена.Не му дозволувам да го прави тоа. Ама се на се ептен е добар. Тој веќе ја разгали, само ја прегрнува ја носи во раце, дефинитивно ќе ја размази повеќе кога ќе порасне, а јас веројатно ќе бидам построг родител“, вели Ката и истакнува дека бебето повеќе личи на таткото.