Кафе муабет
Како се распадна семејството на Александра Пријовиќ- ова е најтешкиот период за пејачката!
Се уште ја боли разводот на родителите...
Пејачката Александра Пријовиќ во една прилика откр која е најболната тема за неа. Имено таа се уште смета дека разводот на нејзините родители е крајно болна и емотивна тема, и за неа ретко зборува.
Уште како тинејџерка кога нејзините родители се развеле, овој немил настан пејачката, судејќи по претходните изјави, го смета за рана која се уште не е целосно зарасната.
Недељко и Борка Михајловиќ, родителите на Александра, не успеаа да опстанат во бракот а Александра во една прилика за српски Блиц откри и како се одвивала нивната комуникацја по разводот:
– Нема ништо потешко. Поточно, моите родители имаат убав однос по разводот. Страдам затоа што отсекогаш сум имала желба моето семејство да биде заедно. Никогаш нема да биде исто, секогаш замислувам како се заедно – изјави Пријовиќ за „Блиц“.
Исто така, Александра е многу благодарна на своите родители, но никогаш не може да преболи дека нивната љубов избледе.
– Мајка ми работеше и пееше, одеше далеку од дома поради тезгите. Меѓутоа, бидејќи не сакаше да останам сама, таа се враќаше секој пат без разлика колку километри нејзиниот настап беше оддалечен од Бели Манастир. Таа се враќаше дома уморна за да биде со мене и тоа е нешто што сега многу го ценам. Горда сум на моите родители кои ми дадоа се во животот иако беа разведени. Тешко ми е и сега што двајцата не можеа да живеат заедно – додаде пред неколку години сопругата на Филип Живојиновиќ.
Инаку и Александра и Филип постојано се соочуваат со напис за нивниот брак. Имено многу пати до сега се појави веста дека парот се разведува.
Помина извесно време откако на социјалните мрежи не видовме заеднички фотографии на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ. Токму поради тоа во јавноста почнаа да кружат сомнежи дека тие двајца се развеле.
Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ се разделија – гласеа многу написи, а оваа изјава не беше далеку од вистината. Имено, Филип го напушти семејниот дом и отпатува за САД, каде веќе е со месеци и работи на важен деловен проект.
Пејачката реши да ги прокоментира и насловите кои во последно време се појавуваат во медиумте а целата ситуација ја подгреа службеното патување на Филип во Америка.
– Многу пати ме разведуваа. Само што почнавме да се забавуваме, пишуваа дека сме се свршиле, не знам уште колку пати, не ли беше доволно? – рече Александра.
Вистината е всушност сосема поинаква. Имено, пејачката после долго време конечно успеа да ги балансира обврските и да отпатува во Америка, за конечно да помине малку квалитетно време со својот сопруг кој неизмерно и недостасува а неодамна изјави дека тие никогаш не биле пред развод.
„Јас сум човек кој многу брзо пламнува, но и брзо се смирувам. Филип секогаш ме нервира кога ќе ме брза, а мене како и секоја жена ми треба уште малку време да се средам. Се расправаме за тоа и јас секогаш му велам дека ништо не значи тоа ако задоцниме некаде 10 минути. Филип секогаш прв попушта, не можам да се расправам со него, затоа што ме остава да се расправам сама со себе и потоа на убав начин ми објаснува што сакал да каже. Од друга страна син ми Александар како и секое дете е непослушен и тврдоглав. Иако му велам дека треба да руча и дека ќе добие чоколадо затоа што е љубител на слатки, кај него нема договор.Таков е за се. Кога е толку тврдоглав не му давам, чекам да заборави и го залажувам“, вели Александра за „Блиц“ и открива кој е построг родител.
„Понекогаш Филип е послаб на синот, а некогаш јас. Строга мајка сум и викам. Мора да бидам таква“, вели пејачката која во последно време ја слуша приказната дека таа и Филип се разведуваат.
“Тие приказни не ме погодуваат, бидејќи знам дека не е така. Никогаш не сме биле пред развод. Најмногу ме нервираат ситуациите кога ќе испаднам коректна кон некого, а потоа се преминуваат границите “. Избрав ваков живот и кога започнував кариера го посакував сето ова. Ова е моја работа и немам приватност – вели Пријовиќ, која открива дека би сакала да има и ќерка со Филип.