Кафе муабет
Додека таа ужива со ќерките во Дубаи, Душко е со 15 години помладата девојка?- Јелена ги излечи раните и покажа како се релаксира!
Пејачката со своите наследнички замина на шопинг...
Јелена Карлеуша веќе неколку дена престојува во Дубаи. По спектакуларниот концерт кој го одржа, пејачката реши да се опушти и да ужива во шармот на ова егзотично место.
Пејачката на ова патување замина со нејзините ќерки Атина и Ника кои и прават друштво во долгите прошетки низ Дубаи. Пејачката на својот Фејсбук профил сподели заедничка фотографија.
Познато е дека Јелена е модна икона и дека каде и да отпатува сака да купува облека, па овој пат со своите наследнички отиде во обиколка на трговски центар.
Иако претходно ги загрижи фановите со фотографија на која се гледаат модринки и рани на деловите од нозете каде што ја стегнале чевлите со ремен, сега Јелена покажа дека се опоравила и дека се е во ред.
Нејзиниот сопруг Душко Тошиќ не отишол на патување со семејството, бидејќи Јелена на 7 јануари го пријави за семејно насилство, а му беше изречена забрана за приближување и контакт со пејачката во траење од 30 дена.
Душко пред неколку дена го прослави и својот 37 ми роденден заедно со своите пријатели. Видно расположен, пееше и се веселеше додека Јелена и неговите ќерки се во Дубаи.
Пред неколку дена се појави и веста дека Душко наводно е во врска со Софија Сашиќ која е 15 години помлада од него.
Наводно Софија и Душко одржуваат тајна врска веќе неколку месеци, па дури за тоа дознала и неговата сопруга.
– Софија уште од мала е навикната на удобен живот. Сака патувања, брендирана облека, оди на популарни места и иако е многу млада, живее на висока нога. Сите момци досега биле ситуирани и и обезбедиле животот каков што сака – рекол изворот за „Ало!“ на самиот почеток и открил како настанала емотивната врска меѓу Душко и Софија.
Мајката на Софија, Соња долги години е пријателка со сопругата на Душко. Тие двајца во неколку наврати се најдоа во исто друштво и потоа си се допаднаа. Секако, Софија знаела дека тој е оженет, па не сакала лесно да влегува во врска со него. Душко е 15 години постар, оженет, има две деца… – вели изворот.
– Сепак, тој и тврдеше дека бракот му е на стаклени нозе, ја опсипал со внимание и таа решила да му даде шанса. И двајцата многу патуваат, па контактите најчесто ги одржуваат во странство каде не мора да се кријат таму. Заедно се неколку месеци, нивните најблиски пријатели се запознаени со целата ситуација и им помагаат да се гледаат што почесто, без да предизвикаат сомнеж. Најчесто се во некој од неговите станови – објаснил соговорникот, и открил дека сопругата на Душко дознала за оваа афера.
– Неговата сопруга дознала дека Душко и Софија се во шема. Веднаш ја избриша од Инстаграм својата поранешна пријателка Соња и го прекина секој контакт со неа – заклучи соговорникот.
Инаку, Софија, како и нејзината мајка Соња, продава облека, а има и свој бренд. Таа е многу популарна на социјалните мрежи и често објавува фотографии од егзотични дестинации, што ги гледаат 130.000 луѓе кои ја следат на Инстаграм.