Кафе муабет

Дарко Лазиќ ги откри сите детали – eве како ја запросил Барбара!

Спремаат свадба...

Во новото издание на познатото шоу „Премиера – Викенд Специјал“ Дарко Лазиќ искрено проговори за својот приватен живот.

фото Инстаграм/Дарко Лазиќ

Дарко за прв пат и јавно откри како ја запросил Барбара Бобак и дека тоа не било класично запросување бидејќи таа не сака такви изненадувања.

фото Инстаграм/Дарко Лазиќ

-Секоја година ми е турбулентна, секогаш ми е убаво. Имаше и убави и лоши работи како и секогаш, но јас секогаш правам се онака како што сакам да биде, убаво ми е – истакна Лазиќ.

Фото Инстаграм/Дарко Лазиќ
фото инстаграм/Дарко Лазиќ

-Многу убави работи се случија во Америка, една од најубавите е што се веривме во Чикаго. Не се венчавме како што пишуваше во медиумите. Барбара е многу посебна, да клекнев, да ја изненадев, ќе умреше од смеење. Таа не е таква. Поминавме кај една златара, влеговме да видиме што има, а јас само во еден момент и реков: „Избери“! Не беше особено изненадена, живееме долго време заедно, но тоа беше убав момент – се присети Дарко.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

-Прво им кажавме на родителите, се јавив на мајка ми. И тие го знаеја тоа, го очекуваа, сите беа воодушевени. Како веќе да сме во брак, нон стоп сме заедно. Имаме таква врска, таа е како жена, брат, пријател, сè – признава Дарко.

Пејачот накратко ја прокоментира својата работа, па призна дека му треба одмор.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

-Искрено, уморен сум од музика. Работам секој викенд, кога е лето, работам секој ден. Колку и да го сакаш тоа се изморуваш. Јас живеам од ова, сепак си ја сакам работата, но не е како на почетокот, не трчам да пеам. Се гордеам со сето тоа, кафеаните се најдобар факултет на светот, има свои предности и недостатоци, многу сум видел, некои работи сум научил а недостаток е тоа што брзо стареете и немате време за себе и вашите најблиски – открива Дарко, па продолжува:

фото инстаграм/Дарко Лазиќ
Фото Инстаграм/Дарко Лазиќ

-Сега имам време за себе, периодот кога започна короната морам да кажам дека беше милина за мене. Дует со Барбара нема да се случи колку ради реда, таа е исклучителен вокал, но ако дојде вистинска песна зошто да не. Се разбираме, разговараме за се, импресиониран сум и тоа што е пејачка, е многу полесно – вели Лазиќ.

фото Инстаграм/Барбара Бобак
фото Инстаграм/Дарко Лазиќ

Лазиќ открива и дека поминува многу време со своите деца од претходните врски.

фото Инстаграм/Дарко Лазиќ

Лорена беше со мене скоро неколку дена и можам да ви кажам дека одлично се забавувавме. Барбара ме однесе во некои игротеки. Алексеј е уште мал, поминувам време со него секогаш кога можам и навистина уживам да имам деца. Боже мој, нека има трето дете, но овој пат одиме по ред, полека – вели пејачот и додава:

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Ќе биде голема свадба, навистина! Сè по стари обичаи, лажна невеста, јаболко, корито, сито… Боже мој! Како поинаку, поинаку не може. И тоа ќе биде до крајот на годината, ако се биде добро и ако даде Господ – рече Дарко во емисијата „Премиера – Викенд Специјал“.

фото инстаграм/Барбара Бобак
фото инстаграм/Дарко Лазиќ
фото инстаграм/Дарко Лазиќ
фото инстаграм/Барбара Бобак
фото инстаграм/Барбара Бобак

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close