Новости
Добри вести за Македонците во Германија – работниците ќе добиваат повеќе пари!
Германското биро за статистика редовно објавува податоци за заработката...
Претставниците на политичките партии во Германија ги завршија разговорите, а како што соопштија пред два дена го финализираа договорот за владејачката коалиција.
Истовремено, се договорија и за низа промени, како општествени, политички и економски за кои ќе се залагаат во наредниот период, а кои ги засегаат и нашинците од дијаспората.
Најголемата најавена промена е покачувањето на платите. Станува збор конкретно за зголемување на минималната плата од 9,6 евра на час колку што е сега, на 12 евра на час. Тоа практично значи дека, на пример, градежен работник кој во моментов заработува во просек околу 2.650 евра месечно, би можел да заработи 662 евра повеќе или 3.312 евра, пишува Курир.рс.
Оние малку платените, како угостителските работници кои сега заработуваат во просек по 1.800 евра, во иднина би заработувале 2.250 евра.
Германското биро за статистика редовно објавува податоци за заработката.
Подолу можете да ги погледнете најновите достапни податоци за просечните плати по занимања со кои најчесто се занимава нашата дијаспора и нивното потенцијално зголемување со промените на минималната плата.
Градежни работници
Ѕидар 2.900 евра / според новите пресметки околу 3.625 евра
Столар 2.700 евра / 3.375 евра
Керамичар 2.660 евра / новиот износ би бил 3.325 евра
Молер 2.350 евра / според новото околу 2.930 евра
Здравствени работници
Медицинска сестра 2.600 евра / по ново 3.250 евра
Масажер 2.450 евра / 3.062 евра
Негувателка на стари лица 2.350 евра / според новите промени околу 2.937 евра
Физиотерапевт 2.070 евра / според новите промени 2.587 евра
Доктор 6.600 евра / по ново 8.250 евра
Индустрија
Менаџер за производство 4.500 евра / по ново 6.625 евра
Електричар 3.460 евра / 4.325 евра
Техничар за електроника 3.140 евра / според новите 3.925 евра
Заварувач 3.000 евра / според новите пресметки 3.750 евра
Работник во производство 2.500 евра / по ново 3.125 евра
Автомолар 2.560 евра / по ново 3.200 евра
Транспорт
Камионџија 2.400 евра / ново 3.000 евра
Возач на автобус 2.200 евра / ново 2.750 евра
Возач, доставувач на пратки 2.100 евра / според новите промени би земал околу 2.625 евра плата месечно.
Магационер 1.900 евра / по ново 2.375 евра
Угостителство и одржување
Помошници готвачи до 1.900 евра / по ново 2.375 евра
Келнери околу 1.800 евра / според новите пресметки 2.250 евра месечно
Слугинки, одржување околу 1.800 евра / по ново 2.250 евра
На Германија во моментот и се потребни околу 400.000 имигранти за да одржува постојан број вработени на пазарот на трудот, објави во вторникот Институтот за истражување на пазарот на трудот (ИАБ).
„Поради демографските промени, бројот на вработени постојано се намалува и покрај мерките како зголемена вклученост на жените на пазарот на труд и подоцна пензионирање. Бројот на вработени ќе падне од сегашните 47 на 44 милиони до 2035 година“, се вели во соопштението.
Најинтересно е што во оваа пресметка е опфатена и претпоставката во Германија годишно да има нови 100.000 вработувања на доселениците, што значи дека на германскиот пазар на трудот во следните неколку години ќе фалат повеќе милиони работни места што ќе треба да ги пополнат доселеници, за да се одржи бројот на вработени што го има во моментот.
По ова законско решение, на мигрантите им е многу полесно во Германија да најдат работа во професијата за која што се имаат школувано во својата родна земја.