UncategorizedКафе муабет
Тој е фраер и сон на секоја жена- но погледнете како изгледа сестрата на Душко Тошиќ!
Таа е негова најголема поддршка...
Душко Тошиќ, сопругот на Јелена Карлеуша е многу приврзан за семејството, а особено за неговата сестра Катарина.
Душко често пати е мета во јавноста пред се поради бракот со пејачката Јелена Карлеуша. Фудбалерот никогаш не зборува за својот приватен живот и затоа е особено интересен за медиумите кои за него можат да дознаат нешто само преку неговата сопруга или преку објавите кои ги објавува на Инстаграм.
Душко израснал во селото Орловат, кај Зрењанин. Поради сиромаштијата, татко му и мајка му морале да го однесат во интернат, каде што поминал три години.
„Тој е некој кој навистина ги допре ѕвездите од најтешката можна социјална приказна. Тој порасна во дом затоа што неговите родители беа многу сиромашни. Почна да тренира фудбал рано во „Пролетер“ од Зрењанин. Тоа беше неговото бегство од дома. На 16 години, како што рекоа неговите пријатели од ОФК собата во која живеел била излепена со мои постери, тоа е навистина трогателна приказна“, откри неодамна Карлеуша.
Денес Душко е успешен и богат, а во неговото срце посебно место, освен ќерките Атина и Ника, како и сопругата Јелена, заземаат мајката Николета и сестрата Катарина, за кои е особено приврзан, посебно откако го загубија својот татко пред неколку години.
Катарина е среќно омажена и ја има ќерката Ања, а често го посетувала својот брат на бројни дестинации каде што патувал без сопругата и ќерките.
Според она што можеме да го забележиме од нејзините објави на Инстаграм, таа често е во друштво на своите внуки Ника и Атина, а многумина коментираат и дека помалата ќерка на Душко и Карлеуша е копија на својата тетка!