Кафе муабет
Дарко Лазиќ СЕ ЖЕНИ: Барбара потврди- Вистина е, тој е љубовта на мојот живот!
Пејачката вели дека по пет месеци врска е сигурна дека Лазиќ е мажот на нејзиниот живот...
Девојката на Дарко Лазиќ, пејачката Барбара Бобак вели дека планираат да се венчаат а на свадба ќе ги покани поранешната сопруга на фолкерот Ана Севиќ и свршеницата Марина Гагиќ!
Пејачката вели дека по пет месеци врска е сигурна дека Лазиќ е мажот на нејзиниот живот.
– Дарко и јас мислиме дека е одлична идеја да се венчаме! Во моментов не сме во многу добри односи со Марина, но со Ана сме. Ако правиме свадба, ќе ги поканиме и двете! Колку повеќе, толку подобро – изјави Барбара.
-Дарко е љубовта на мојот живот, ние сме како едно, додаде таа.
Барбара и Дарко немаат проблеми со Ана Севиќ.
– Ана е остварена и не прави драма за ништо. Се запознавме во трговскиот центар, прекрасна е и како личност и како мајка. На Ана и симнувам капа како ја одгледала својата ќерка, која е прекрасно, интелигентно дете. Посакувам да имам таква ќерка! – вели пејачката и додава дека таа и фолкерот работат на бебе: – Со Дарко често зборуваме за деца, сигурна сум дека ќе имаме бебе!
Веќе се шпекулираше дека Барбара е бремена, но како што таа вели тоа се измислици.
Барбара често пат знае да ја провоцира Марина, поранешната свршеница на Дарко,Марина Гагиќ па пред извесно време рече дека ќе му биде мајка на нејзиниот син.
Бобак истакна дека Марина на секој начин се обидува да ја спречи врската со Дарко, со кого ужива веќе неколку месеци. Во изјава за српски Курир, таа се осврнува и на заканите што Гагиќ и ги испратила пред неколку дена, кога дознала дека Барбара изјавила дека Алексеј ја нарекува „мама“.
-Јас и Дарко уживаме, таа девојка е љубоморна на нас. Не обрнувам внимание на нејзините закани, таа ми е смешна. Секако, утре како сопруга на Дарко ќе бидам мајка на нејзиниот син, не знам што ја мачи? – истакна Бобак.
Како што неодамна пишуваше еден дневен весник, Марина се здружи со Ана Севиќ, поранешната сопруга на Лазиќ и молеше за помош затоа што наводно пејачот ниту го гледа нивниот син ниту дава пари за да ги издржува.
– Марина плачеше за време на разговорот со Севиќ. Пејачката и порача да не се грижи, бидејќи таа ќе и помогне со совет. Таа и објасни дека мора веднаш да повика адвокат и да го започне судскиот процес против Дарко. Марина ја праша за бројот на адвокатот што ја застапувал, бидејќи знае дека таа го добила на суд. Ана веднаш и го испратила бројот – вели добро информиран извор.
– Гагиќ не знаеше кому да се обрати, само Ана и падна на ум. Таа се пожали дека Дарко со месеци не го видел својот син Алексеј, дека тој не и одговарал на телефон и не испратил пари за нив – додаде споменатиот извор.