Кафе муабет

Се слушаат свадбени ѕвона: Пред неколку месеци раскина со Анастасија Ражнатовиќ а сега повторно е заљубен- овој фраер ќе биде кум на Ѓорѓе Кулиќ

Среќни се заедно...

Поранешното момче на Анастасија Ражнатовиќ, Ѓорѓе Куљиќ не ја крие љубовта кон својата нова избраничка Мила.

фото инстаграм/Ѓорѓе Кулиќ

Тие двајца летово уживаат во незаборавно патување, придружувани очигледно од нивниот иден кум.

Фото Инстаграм/Ѓорѓе Кулиќ

Ѓорѓе Куљиќ и Мила Радојевиќ летуваат со еден од најдобрите пријатели на Ѓорѓе, тенисерот Филип Крајиновиќ, кој неодамна ја заврши романсата со Анѓела Новчиќ.

фото инстаграм/Филип Крајиновиќ

Фотографии од одморот објави Филип откривајќи дека младата двојка е речиси неразделна. Со оглед на тоа што Ѓорѓе строго го чуваше својот приватен живот во јавност, ваквото обелоденување на љубовта со Мила на социјалните мрежи за многумина изгледа како чекор поблиску до венчавка за која со години се ширеа гласини.

фото инстаграм/Филип Крајиновиќ

И ако дојде до тоа, многумина се прашуваат дали Филип ќе ги придружува до олтарот.

фото инстаграм/Ѓорѓе Кулиќ

Ѓорѓе Куљиќ, поранешното момче на Анастасија Ражнатовиќ, одлучи да продолжи напред по раскинувањето на петгодишната врска со младата пејачка, па си најде и нова девојка.

фото Инстаграм/Мила Радојевиќ

Ѓорѓе сега е во врска со сестрата на Николија Радојевиќ, Мила Радојевиќ.

По пет години раскина со Ражнатовиќ, која многу брзо потоа започна врска со фудбалерот Немања Гудељ. Сепак, се чини дека нејзиниот поранешен не страдаше многу по неа и тој неодамна започна врска, ни помалку ни повеќе туку со познаничка на Анастасија.

фото Инстаграм/Мила Радојевиќ

Двајцата се зближиле за време на престојот во Дубаи, сосема случајно, бидејќи таму престојувале во исто време.

фото Инстаграм/Мила Радојевиќ

Она што јавноста го памети и поради што е шокирана е тоа што пред да започне врска со Ражнатовиќ, бил во врска со Николија, со чија сестра е сега!

Атрактивниот Ѓорѓе Куљиќ го поврзуваа со познати девојки од естрадата, манекенки, наводно дури бил и со старлети, а бизнисменот имал пократки врски во Европа и светот, пишуваат медиумите.
Како што е познато, Куљиќ е богат бизнисмен кој својата кариера ја градел за време на студентските денови во Америка, каде долго време живеел и студирал во Њујорк, а потоа таму започнал бизнис со камиони.

Фото Инстаграм/Ѓорѓе Кулиќ

-Кулиќ се од Нови Сад, тие се среќно семејство кое со години има приватен бизнис“ изјави неодамна извор блзок до семејството на Кулиќ.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

-Се што поседуваат го стекнаа благодарение на голем труд и семеен бизнис кој се пренесуваше од колено на колено. По цела Војводина имаа млинови. Некои ги продадоа, некои ги задржаа, тврди соговорникот и вели дека не се збогатил преку ноќ.


-Интересно е што заврши средно елитно училиште во Швајцарија која беше организирана на интернет каде што учеа и деца на принцеви и разни аристократи. Една училишна година чинеше околу 60 000 евра. Тоа јавноста не го знае, туку само знае дека студираше во Њујорк каде што има свој приватен бизнис, вели изворот и додаде дека Ѓорѓе започнал и приватен бизнис.

фото архива

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close