За многу родители е целосно необјасниво тоа дека нивното дете има сини очи, додека тие имаат темни очи.
Ова е можно дури и ако последните неколку генерации од вашето семејство немаат сини очи. Одговорот лежи во гените!
“Мојот сопруг и јас имаме кафени очи. Моите се посветли а неговите потемни. Имаме три деца – едното има зелени, другото кафени, а третото сини. Мајка ми има зелена боја на очи но од каде дојдоа сините очи ? Како е можно тоа? ” се прашува една мајка.
Како се појавуваат сините очи на детето?
Всушност, станува збор за тоа дека двајцата родители треба да го имаат генот за сини очи, што потоа се пренесува на детето.
Секој од нас носи два гени. Бидејќи генот за темни очи е подоминантен од генот за светлина, ако имаме еден темен и еден светол нашите очи ќе бидат темни, а посветлиот останува „скриен“.
Можеме да имаме сини очи само ако имаме два светли гени. Значи, ако се комбинираат генот на мајката и таткото на детето за светли очи, тогаш неговите очи ќе бидат светли.
Шансите да се случи ова се 25 проценти, доколку и двајцата родители го имаат истиот – еден ген за темни очи и еден ген за светли очи.
Ако само еден родител има ген за сини очи, тогаш детето не може да има сини очи, бидејќи генот на темните очи, што го добил од другиот родител, секогаш ќе биде доминантен. Очите во тој случај ќе бидат темни.
Всушност, не можеме да знаеме дали го имаме генот за сини очи во нас. Може да се случи да се пренесе преку генерации, додека во одреден момент не се спои со светлиот ген на партнерот кој исто така го има.
Ова води до ситуација двајца луѓе со темни очи да добијат дете со сини очи.