Бебе

На бебе старо неколку месеци му стави обетки- оваа мајка ги згрози сите поради оваа постапка!

Многумна ја критикуваат порад одлуката на толку мало бебе да му став обетки...

И покрај тоа што секој родител има право да го воспитува своето дете како што сака, понекогаш мајките и татковците се мета на критики поради нивните одлуки.

Фото Принтскрин/ Тик Ток

Мајката Кристи Болтон се нашла во таква ситуација, бидејќи одлучила да ги дупне ушите на својата шестмесечна ќерка.

Таа објави видео на TikTok што предизвика поделени реакции. Додека едните сметаат дека е сурово тоа што родителите воопшто го подложуваат детето на таква болка, други посочуваат дека тие самите поминале низ тоа и дека денес воопшто не се сеќаваат на болката.

Фото Принтскрин/ Тик Ток
Фото Принтскрин/ Тик Ток

Видеото, прегледано повеќе од 6 милиони пати, покажува како Кристи седи со ќерка си во скутот. Детето мирно гледа наоколу додека вработениот не го дупне ушето со таканаречениот „пиштол“. Потоа девојчето се тресе и почнува да плаче гласно до тој степен што лицето му е многу црвено.

„Зошто некој намерно го прави ова на своето дете“, праша едно лице.

Фото Принтскрин/ Тик Ток
Фото Принтскрин/ Тик Ток
Фото Принтскрин/ Тик Ток
Фото Принтскрин/ Тик Ток

“Ова треба да се забрани, тоа е сосема непотребно. Греотка детето, ова не е нејзин избор”, додаде друга.

Дел од гледачите застанаа во одбрана на мајката.

“Тоа е нејзино дете”, “Ова не е злоупотреба. Мило ми е што моите родители ми ги прободеа ушите кога бев бебе, бидејќи воопшто не се сеќавам на тоа”, коментираат тие.

Фото Принтскрин/ Тик Ток

Додека во Хрватска практиката да се дупнуваат ушите со „пиштол“ во продавниците за накит или да се чека додека детето не наполни 12 години, кога е можно да се дупнат ушите во пирсинг студија, во Америка практиката е нешто поинаква.

Фото Принтскрин/ Тик Ток

На веб -страницата на Американската академија за педијатрија стои дека пирсингот на ушите е безбеден од козметички причини на која било возраст. Кога станува збор за избегнување на инфекција на увото, како општо упатство, родителите се предупредуваат „да го одложат пирсингот додека нивното дете не е доволно зрело за да се грижи само за местото на пункција“.

Но ова не е единствената ваква ситуација. Имено пред извесно време уште една мајка стана мета на критики од истата причина.

Фото Фејсбук/ Nath Wright

24- годишната Леви Конел од Англија стана мета на критичарите на социјалните мрежи кои изјавија дека е „одвратна“ затоа што ги дупна учите на нејзината ќерка Вилоу која има само осум недели.

Имено, некои дури ја обвинија дека станува збор за злоупотреба, пренесува Мирор.

Леви вели дека сакала да ги дупне ушите на малото девојче кога имало само 4 недели, но истакна дека ги послушала советите да почека уште еден месец.

Фото Фејсбук/ Nath Wright

Нејзината мајка и партнерот исто така се сомневаа дека ова е правилна одлука, но таа верува дека е во право.

– Видов на една група на Фејсбук како зборуваат за мене. Тие коментираа дека сум одвратна и дека го злоставувам детето. Мислам дека не сум направил ништо лошо. Моето девојче веќе се навикна на мини обетки и не и пречат- вели таа и додава дека се поштедила себе си и својата ќерка за драмата на дупнување на ушите на подоцнежна возраст.

Фото Фејсбук/ Nath Wright

„Луѓето треба да го задржат своето мислење за себе“, рече таа.

– Ушите и беа дупнати со игла во студио за пирсинг. По првата дупка таа се вознемири, а кога се смири, направија и втора. Се беше готово за миг – вели мајката.

Кога е вистинско време да се дупнат ушите на бебето?

Фото Фејсбук/ Nath Wright

Според педијатрите најдобро е да се почека со ставањето на обетки. Тие препорачуваат да се дупнат ушите на детето после шест месеци од неговото раѓање, или подоцна.

– Кога се дупчи увото, постои можност за добивање разни инфекции бидејќи кај децата помали од шест месеци сè уште се развива имунолошкиот систем, па ги советувам родителите да почекаат нивното бебе да наполни најмалку шест месеци – објаснува Венди Су Свансон, педијатар од Сиетл.

фото илустрација

Според педијатрите до две недели по дупнувањето на ушето може да се појави инфекција кај детето.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close