Школо

Еве зошто Шведска е најдобра земја за да се остварите како родител!

Шведска има универзален здравствен систем финансиран од Владата. Тие дури и испраќаат торби со подароци до идните родители - многу работи што можеби ќе им требаат пред да дојде бебето, како ваучери за попусти во продавници за облека, пелени, влажни марамчиња ...

Да се ​​биде родител за многумина е најубавото нешто на светот, без разлика каде живеете.

фото илустрација

Но, ако можете да изберете каде да создадете семејство, во однос на животниот стандард, тогаш Шведска е несомнено најдобрата земја за тоа.

фото илустрација

Оваа држава се грижи за родителите и децата и тие добиваат детски додаток додека децата не станат полнолетни.

фото илустрација

Шведска има универзален здравствен систем финансиран од Владата. Тие дури и испраќаат торби со подароци до идните родители – многу работи што можеби ќе им требаат пред да дојде бебето, како ваучери за попусти во продавници за облека, пелени, влажни марамчиња …

фото илустрација

Марија, која живее во Стокхолм веќе10 години, неодамна се породи и нејзините искуства ја потврдуваат тезата дека ова е „најдобрата држава ако сакате да станете родител“.

фото илустрација

– За време на бременоста, ми плаќаа речиси се, сите посети на лекар и сите прегледи. Плативме за неинвазивен пренатален тест затоа што доброволно сакавме да го направиме, што секако не оди во здравствените услуги. Мојот сопруг беше со мене на породувањето, и кога се породив, прво го ставија бебето на моите гради и ни дозволија тројцата да уживаме во тој фантастичен момент неколку минути. Дури тогаш дојдоа да ја земат и да ја искапат – раскажува Марија.

фото илустрација

Таа додава дека по раѓањето, државата е тука да помогне.

фото илустрација

– Во зависност од платата што ја имате, детето добива помош во износ од 500 до 1.500 евра месечно за првите 460 дена. Секој месец земам 800 евра за ќерка ми од државата – вели таа, додавајќи дека е вистина дека по тој период, децата добиваат по 120 евра секој месец како додаток за деца додека не станат полнолетни.

фото илустрација

Има и слободни денови, и се подразбира дека и таткото и мајката имаат право на „породилно отсуство“.

– Со сопругoт добиваме 480 дена родителско отсуство заедно и за тоа време добиваме 80 проценти од платата. Можеме да ги поделиме овие денови додека детето не порасне. Засега, мојот сопруг зеде четири месеци одмор за да биде со мене и со бебето и да учествува подеднакво во нејзиното растење. Немаме стрес, се ни е опуштено и лесно и уживаме во најдобриот период од нашите животи – објаснува Марија.

фото илустрација

Образование за сите, без разлика дали се богати или сиромашни!

Во Шведска, задолжително со закон е децата да започнат со училиште на возраст од седум години, но постои можност и порано, на шестгодишна возраст, доколку се смета дека детето е подготвено да оди на училиште. Учебниците за сите одделенија се бесплатни.

фото илустрација

По завршувањето на основното училиште, повеќето деца одат во средно училиште, кое е најчесто три години, освен природните науки, кои траат четири години. Имаат и средни стручни училишта кои се претежно со две или три години. Оваа земја функционира така што образованието е бесплатно за сите ученици, до крајот на нивниот живот. Така децата ќе имаат желба за учење без да мислат дали тоа ќе ги чини многу.

фото деца.мк

Воспитувачите исто така треба да добијат покачувања, така што сегашната плата на наставник од 3.500 евра би се зголемила значително.

фото илустрација

Шведска има 51 универзитет, а Шведскиот институт доделува над 500 стипендии годишно на студенти и истражувачи кои сакаат да дојдат во Шведска (од Балканот и Источна Европа ), кои покриваат школарина и месечни трошоци за живот и нудат одреден износ за патни трошоци до Шведска и назад, како и осигурување.

фото илустрација

Исто така, универзитетите најавија дека ќе доделат неколку стипендии кои ќе ги покриваат само школарините. Pостои и стипендија за Баzилеус, која изнесува околу 1.000 евра месечно. Исто така, опфаќа школарина за студенти кои биле на универзитетите Базилеус една година или подолго, додека разменетите студенти се ослободени од школарина за еден академски семестар.

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close