Школо

Наместо видеоигри, избркајте ги надвор – психолозите советуваат што е најдобро за децата!

Надвор и само надвор!

Децата треба да ги терате колку што е можно повеќе да излегуваат надвор за да можат да стекнат имунитет пред зимата.

Ова е особено важно за децата кои ќе учат од дома.

За учениците кои заради вирусот корона во новата школска година нема да ја следат онлајн наставата, часовите по физичко образование ќе бидат организирани на отворено, без колективни спортови.

Дали тоа ќе влијае на развојот на колективниот и натпреварувачкиот дух на децата, кој во голема мера се гради и негува во училиштата?

Според психолозите, добра работа е што децата до трето одделение ќе можат да присуствуваат на настава каде ќе можат да имаат физичка активност која е многу важна за нивниот развој. Но затоа оние што наставата ќе ја следат преку интернет, родителите треба да се погрижат во следниов период што почесто времето да го поминуваат надвор, во природа и на отворено.

Физичката активност на отворено нема алтернатива

Наставниците сигурно знаат многу игри што можат да се применат на отворено каде што нема премногу ризик од инфекција, за разлика од затворените простории, но секако дека недостатокот на тимски спортови може да има последици врз развојот на социјалните вештини кај најмладите. Од друга страна сè што има врска со блискоста, дружењето и живите контакти претставува опасност што не е добро ни за возрасни луѓе, а најмалку за децата. Затоа треба да се биде внимателен.

Од друга страна, помладите генерации се повеќе време поминуваат пред своите компјутери, таблети и телефони, и доколку не одат на училиште, односно наставата ја следат онлајн, тоа ќе биде дополнително време што тие ќе го поминат пред ваквите електронски уреди. Затоа најдобро ќе биде во следниот период родителите посебно да внимаваат на своите деца и доколку има потреба да го редуцираат времето што тие го поминуваат на овој начин.

Мрзливи родители им дозволуваат на своите деца да играат ИГРИ

Една група истражувачи од Нов Зеланд се обидоа да откријат дали играњето насилни видео игри може да доведе до појава на агресивност кај децата.

Тим научници од универзитетот Маси спроведоа студија за да утврдат дали сцените со пукање во кои учествуваат деца додека ноншалантно со своите прстиња притискаат по екранот на телефоните и таблетите имаат негативни последици за нивниот развој.

Акцентот беше ставен на „проверка“ на тенденцијата кон насилство, кога експертите дојдоа до негативен одговор.

И покрај бројните сомнежи, се покажа дека овие апликации, сепак, не се одговорни за агресивните склоности на децата кои поминуваат многу време играјќи видео игри. Дури и кога ќе видите дека прават чудни изрази на лицето за време на играта, внесувајќи се во содржината, тоа не треба да значи дека такво нешто ќе се вреже во нивната личност и дека тие навистина ќе се соживеат со опасните и злобните херои што ги гледаат на своите мали екрани – велат истражувачите во изјавата.

Експертите од Нов Зеланд собраа податоци добиени врз основа на 28 студии, кои вклучија вкупно 21.000 деца.

Не постои никаква врска помеѓу агресивните деца и агресивните игри, велат тие во нивното истражување.

Овие студии, кои траеја со години, докажаа дека не постои никаква причино-последична врска помеѓу играњето видео игри во детството и развојот на агресивна одлика во подоцнежниот живот, за што се сомневаше подолго време – потврди Арон Драмонд, водачот на истражувањето.

Но затоа стануваат мрзливи и безволни

Дури и ако го исклучиме сомнежот за стекнување склоност кон насилство, игрите можат да бидат штетни по други основи. Тоа најчесто се оштетување на видот, искривување на ‘рбетот, дебелина, летаргичност на духот и слични негативни последици, предупредуваат експертите. Многу млади луѓе се мрзливи и не се заинтересирани за реалноста и повеќе сакаат да поминуваат часови во виртуелниот свет, отколку да се дружат со своите пријатели, да читаат книги, да спортуваат…

Експертите затоа посебно напоменуваат дека ова не треба да биде никакво оправдување за тоа што некои деца поминуваат премногу време со видео игри, бидејќи тоа секако не е добро.

Родителите треба да го осмислат животот на своите деца

Тие апелираат до родителите да ги контролираат задолжително додека го прават тоа, на време да проверат до какви содржини пристапуваат на интернет, како и колку дневно време трошат на вакви активности. Затоа е многу важно родителите да се грижат за своите деца и на време да им кажат:

„Сега е доста, претера, денес повеќе нема игрички“, бидејќи децата сами НИКOГАШ не знаат кога им е доста, објаснуваат експертите.

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close