Школо

Потрошив скоро 2000 евра за првиот училишен ден на синот: Тој одбива да носи ефтини работи сака само брендирана облека!

Почнувајќи од 3000 до 6000 па и повеќе, родителите трошат за подготовка на детето за на училиште...

Првиот училшен ден е на прагот, а секој родител сака да го припреми своето дете за тој посебен ден.

Во поголемиот дел од училиштата нема воведено задолжтелно носење униформи, па така родителите најчесто за првиот училишен ден купуваат нова облека за децата. Ранец, училиштен прибор, тетратки, боици, итн… сето тоа може да чини многу пари. Па така родителите може да се каже дека овој месец се изложени на најмногу трошоци.

foto ilustracijФото Илустрација

Почнувајќи од 3000 до 6000 па и повеќе, родителите трошат за подготовка на детето за на училиште.

Додека трговските синџири се обидуваат да ги привлечат родителите со што е можно повеќе попусти за училишна облека и опрема, една мајка вели дека потрошила цело богатство за започнување на детето во училиште.

фото Пулс 24

Британката Дорис Расел која е мајка на два сина, потрошила цели 2.300 евра за опремување на едно дете за во училиште!

Фото Илустрација

– Знам дека во малопродажните синџири како Алди може да набавите многу работ за само неколку фунти. На пример, видов дека детските маици чинат околу едно евро таму. Сепак, тоа не е доволно добро за мојот син, тој сака да носи брендирана облека – вели Дорис, која исто така изјави колку чини опремувањето за нејзиниот син Чарли (10).

Фото Фејсбук/ Doris Rasel

– Чарли сака да носи брендови од висока класа. Најмногу потрошив за палто Томи Хилфигер, околу 140 евра. Има и Nike Airforce патики, приближно иста цена. Дадов околу 70 евра за чизми, а околу 100 евра за долна облека на Келвин Клајн – раскажува Дорис.

Фото Фејсбук/ Doris Rasel

– Чарли инаку е модел и одбива да носи небрендирани работи. Дури и неговите чорапи се скапи – во деновите кога носи униформа, тој носи чорапи од Келвин Клајн кои чинат околу 50 евра. Во моментов се уште бараме ранец. Имам среќа што мојот друг син не страда од брендирани работи и не му е грижа што ќе облече, па затоа му купувам во стоковни куќи како „Примарк“.

Фото Илустрацја

– Чарли многу пати беше модел за рекламни кампањи и позираше за различни брендови. Исто така, сака да се вклопи во општеството по секоја цена, па затоа мора секогаш да има добар мобилен и добар компјутер. Има и облека за воннаставни активности, кои исто така мора да бидат брендирани. Тој доби дел од облеката од брендовите за кои работи, но повеќето ги купувам затоа што одбива да облече нешто друго – вели таа.

Фото Илустрацја

Тоа, објаснува Дорис, е голем трошок бидејќи таа и нејзиниот сопруг немаат големи примања. Така тие штедат за себе за да можат да му овозможат се на Чарли.

Foto: Kurir.rs/ Ilustracija

– Ретко си купувам нешто и секогаш е ефтино. Се откажав и од фризури. Чарли оди на фризер на секои четири недели. Сепак, не се жалам. Претпочитам да трошам пари на тоа – вели Дорис.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close