Кафе муабет

Ја гледа како КРАЛИЦА: Богдан до уши заљубен во Цеца- еве како ја буди секое утро!

Пејачката и бизнисменот уживаат на приватни плажи и во луксузни ресторани во Будва...

Речиси една година Цеца Ражнатовиќ ужива во емотивна врска со бизнсменот Богдан Срејовиќ.

ФОТО: Инстаграм/ Цеца Ражњатовиќ
ФОТО: Инстаграм/ Цеца Ражњатовиќ
ФОТО: Цеца Ражњатовиќ / Инстаграм
ФОТО: Цеца Ражњатовиќ / Инстаграм

Парот сега реши да се разлади и топлите денови да ги помине на црногорското приморје. Пејачката и бизнисменот уживаат на приватни плажи и во луксузни ресторани во Будва. Фолк sвездата има закажано настапи на Јадранот, па Богдан ја поддржува и на концерти.

ФОТО: Цеца Ражњатовиќ / Инстаграм
ФОТО: Инстаграм/ Цеца Ражњатовиќ
ФОТО: Инстаграм/ Цеца Ражњатовиќ

– Цеца веќе беше во Црна Гора со пријателите и ќерката Анастасија, но без Богдан. Потоа мораше да остане во Белград поради деловни обврски, но тие постојано зборуваа по телефон. Овој пат тој одлучи да направи пауза и да и се придружи. Преку ден уживаат во пливање, сончање и добра храна на приватни плажи, а навечер се заедно во клубовите каде настапува Цеца. Буквално не се разделуваат – вели извор близок до парот.

ФОТО: Цеца Ражњатовиќ / Инстаграм

Пејачката и бизнисменот се заљубени до уши!

– Никогаш не сум ја видел Цеца посреќна! Богдан е многу внимателен кон неа, и ја исполнува секоја желба, дури и и носи утринско кафе во кревет со ружа … Подготвен е на се само за да ја насмее. Конечно најде маж кој се обидува да ја задржи. Уште кога Вељко се ожени и доби син, а Анастасија почна да живее со дечкото, Цеца почна да размислува и за својата иднина. Богдан е вклучен во сите планови! Не би бил изненаден ако ја запроси наскоро – вели соговорникот.

ФОТО: Цеца Ражњатовиќ / Инстаграм
фото Инстаграм/Цеца Ражнатовиќ

Богдан на социјалните мрежи покажа дека се му е потаман и не ја симна насмевката од лицето.

ФОТО: Инстаграм/ Цеца Ражњатовиќ

На фотографијата која ја сподели од својата сакана тој стави емотикони во форма на срце, и нема сомнение дека тие двајца навистина уживаат во љубовта.

ФОТО: Цеца Ражњатовиќ / Инстаграм

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close