Кафе муабет
Се роди малиот Шијан: Се породи Бојана Родиќ, еве кое име му го дадоа на наследникот!
Среќната вест новопечените родители ја споделија на социјалната мрежа Инстаграм...
Бојана Родиќ и Мирко Шијан денес го добија своето прво дете, нивниот наследник на кој му го дадоа името по покојниот татко на Мирко, Зоран Шијан.
Среќната вест новопечените родители ја споделија на социјалната мрежа Инстаграм.
Гордиот татко веднаш ја објави веста на социјалните мрежи.
„Се роди Зоран Шијан“, напиша Мирко и додаде колку ја сака Бојана:
„Те сакам најмногу на светот“.
Да потсетиме, Мирко најпрво ја објави фотографијата на Бојана со труднички стомак и напиша дека ја сака.
Инаку тие двајца живеат заедно неколку месеци во Сурчин, во луксузна вила која и припаѓа на Гоца.
Како што претходно рече Гоца Божиновска, нејзиниот син Мирко, штом дозна дека неговата девојка е бремена, почна да размислува како да ја опреми детската соба а пота се фрли на реновирање на спратот.
Интересно е што Гоца се вселила во оваа куќа кога се омажила за Зоран Шијан, кој беше убиен во чекална во центарот на Белград пред 22 години. После тоа, заедно со синот Мирко и ќерката Јелена, таа продолжи да живее во куќата во Сурчин.
– Тука сум 20 години и навикната сум на Сурчин затоа што живеев во оваа област девет години пред да се преселам. Токму овој дом ги чува најубавите спомени што ги имам, особено оние поврзани со мојот покоен сопруг, раѓањето на нашите деца, нивното детство … Јас никогаш, ема да се иселам од него. Еве ја мојата среќа. Децата доаѓаат и си одат, а јас останувам. Што би рекла тетка ми:
„Ќе бидеш во таа куќа додека снаата не те исфрли“. Тогаш можеби ќе ги спакувам куферите и ќе си заминам, само за да му биде убаво на мојот Мирко – рече пејачката во една прилика.