UncategorizedКафе муабет
Македонките го обожаваа, но годините го направија своето- еве како изгледа денес Лукас!
Актерот Мурило Бенисио (49) ја одигра главната машка улога во серијата, но и уште две други, додека за неговата убавина многу се зборуваше...
Серијата „Клон“ која кај нас беше преведувана и како „Забранета љубов“, беше многу популарна во 2001 година.
Во текот на овие години, актерите се сменија многу и тие се потполно различни од нивните улоги, како и од нивниот специфичниот изглед од серијата кој што остана засекогаш врежан во нашата меморија.
Некои од нив остареа, некои се променија и целосно се разубавија, а голем дел од нив продолжија со актерската кариера и се уште се славни.
Приказната за еден млад човек кој тајно бил клониран од неговиот кум, и кој се вљубува во прекрасна Мароканка од строго семејство, ги држеше гледачите пред малите екрани.
Актерот Мурило Бенисио (49) ја одигра главната машка улога во серијата, но и уште две други, додека за неговата убавина многу се зборуваше, па многу припаднички на понежниот пол беа шармиран од неговиот физички изглед.
Немавме можност да го видиме бразилскиот актер во проектите на кои работеше по горенаведените серии, бидејќи тие не беа емитувани кај нас, а евидентно е дека тој многу се промени во периодот по „Клон“ и негуваше сосема поинаков стил.
Мурило често експериментира со изгледот, па веруваме дека малкумина би го препознале сега.
Мурило има два сина и беше вљубен во главната актерка од споменатата серија.
Инаку главната улога на Жаде ја играше познатата Џована Антонели.
Со улогата во филмот „Клон“, Џована доби навистина голема популарност, а и ден-денес сите ја паметат како Жаде. Својата кариера ја започнала во 1991 година, кога имала само 15 години, но пред публиката стана позната по емитувањето на серијата „Клон“ во 2001. Денеска, оваа бразилска глумица има 44 години и се уште изгледа одлично.
За време на снимањето на „Клон“, Џована беше во брак со бизнисменот Рикардо Медино, со кого се венчаа во 2000 година. Но, во 2002 решија да се разведат, бидејќи Џована се заљуби во својот партнер од серијата, Мурило Бенисио, со кого подоцна исто така се омажи.
Во мај 2005 година, тие добија син, а во ноември истата година се разведоа, бидејќи беше откриено дека Џована е во врска со американскиот бизнисмен Роберто Локасио.
За брзо време познатата актерка се вери со новото момче, но по само четири месец беше ставен крај и на оваа врска.
Она што е сигурно е тоа дека илјадници комплименти пристугнуваат на нејзина адреса поради одржаниот, младешки изглед.