Кафе муабет
По неа лудуваше цела Македонија: ПОГЛЕДНЕТЕ како денес изгледа најпознатата актерка од теленовелите, ќе се изненадите!
Неодамна актерката објави фотографија со која ги фасцинираше фановите...
Габриела Спаниќ е една од најголемите sвезди на теленовелите во светот, а на домашната публика и стана позната кон крајот на 90-тите години кога пред малите екрани со нетрпение ги чекавме новите епизоди од познатата серија „Злобница“.
Фактот дека оваа актерка има хрватски корени ја направи оваа серија уште побарана во регионот.
Неодамна актерката објави фотографија со која ги фасцинираше фановите.
Фотографирана во корсет додека седи во лежечка положба на столот Габриела, изгледа совршено, додека други мислат дека таа ги премина границите на пристојност и дека е многу близу до вулгарноста.
Актерката го прослави својот 47-ми роденден, и посегна кон методи против стареење, па затоа честопати се слушаат критики кон неа во Јужна Америка, каде сè уште е многу популарна. Се повеќе медиумите пишуваат за неа во тој контекст, а неодамна нејзините фанови на Инстаграм ја прашаа што се случило со нејзиното лице а таа откри дека претрпе значителни промени благодарение на естетските процедури.
Инаку Габриела како млада учествувала на Мис на Венецуела.
Како млада започнала со студии по психологија, но набргу ќе се откаже од факултетот заради глумата и пеењето со што се занимава и денес.
Но исто така факт е и дека таа денес изгледа одлично, посебно за нејзини години, што може да се забележи и од фотографиите.