Бебе
Педијатрите предупредуваат – кога е премногу топло не ја прекривајте количката на бебето ниту со тенка ткаенина!
Секоја година, експертите предупредуваат на опасностите од изложување на сонце...
Родителите прават се што е во нивна моќ за да се спречи топлината на бебето во текот на жешките денови, но тие честопати не се свесни дека ќебе или тенка ткаенина ставена на количката за да го заштити бебето од сонцето спречува проток на воздух и токму тоа може да доведе до прегревање.
Секоја година, експертите предупредуваат на опасностите од изложување на сонце.
Експериментот направен од шведскиот весник Свенска Дагбладет каде мајки поставија лесна ткаенина преку количката даде зачудувачки резултати.
Целта на експериментот беше да се види колку може да му биде топло на бебето во количка, кога ќе остане на сонце меѓу 11:30 и 13:00 часот. Во непокриена бебешка количка, температурата беше 22 Целзиусови степени, додека во количка покриена со тенка ткаенина за само 30 минути достигна дури 34 степени. По еден час изложеност на сонце температурата беше 37 степени!
Англискиот доктор Бабар Фарук коментира за Manchester Evening News дека родителите прават се што е во нивна моќ да спречат прегревање на бебињата во текот на жешките денови, но честопати не се свесни дека ќебенце ставено на количка за да го заштити бебето од сонцето спречува проток на воздух и токму тоа може да доведуваат до прегревање.
„Ако возите дете во количка на сонце претпочитајте да користите чадор или одете под сенка и избегнувајте да шетате на места директно изложени на сонце“, советува тој.
Најдобро би било целосно да избегнувате да седите под директна сончева светлина од 10 или 11 до 17 часот, советува познатиот педијатар Џована Армано и додава дека бебињата и децата може да се капат и да се тушираат неколку пати на ден, за да се освежат од летната жештина.