Кафе муабет
Се породи пред три месеци а изгледа совршено: Пејачката се омажи за својот колега, му роди второ дете, а сега изгледа како божица!
Таа сега го искористи убавото време и позираше покрај море, а по речиси три месеци од породувањето таа изгледа феноменално...
Црногорската поп-пејачка Милена Вучиќ во март годинава ја роди својата наследничка, ќерката Сара.
Таа сега го искористи убавото време и позираше покрај море, а по речиси три месеци од породувањето таа изгледа феноменално.
Неодамна пејачката сподели интересна изјава со своите следбеници на Инстаграм.
– Кога го складираш сопственото млеко. Моќно чувство за нас лудаците – напиша таа во описот на фотографијата на која се прикажани неколку литри млеко со кое го храни своето дете и го чува во фрижидер.
Да потсетиме, оваа пејачка се омажи на 26 години со својот колега Никола Буровац, а денес ги имаат синот Никша и ќерката Сара.
Тие се заколнаа на вечна љубов во црквата Свети Сава во Врачар. Пред околу сто гости, младенците го кажаа судбоносно „да“, а посебна атмосфера на венчавката создаде црковниот хор, кој не остави никого рамнодушен со своето пеење.
Црногорската поп-пејачка и по тој повод остана доследна на својот стил. Не носеше венчаница, туку бел фустан до колена, беж јакна и светлосини чевли, за што се зборуваше со денови.