Кафе муабет
Сите лудуваа по неа – еве како денес изгледа југословенската Мерилин Монро!
Неа сите ја памтиме по песната „Хајде да лудујемо“ со која настапи на Евровизија 1990 година во Загреб...
Тајчи во времето на поранешна Југославија беше една од најпознатите пејачки.
Неа сите ја памтиме по песната „Хајде да лудујемо“ со која настапи на Евровизија 1990 година во Загреб.
По нејзиниот познат настап на Евровизија, кога го испеа својот мега хит, буквално сите девојчиња сакаа да носат кусо розово фустанче како нејзиното.
Татјана Камерун, поранешна Матејаш, добро познатата Тајчи беше sвезда која ја имитираа многу девојки кои пораснаа со нејзината музика.
Медиумите ја нарекуваа југословенската Барбика, а публиката ја памти и денес иако веќе со години не се појавила во јавноста.
Нејзиниот стил потсетуваше на Мерилин Монро, таа секогаш настапуваше со кореографија и по тоа беше препознатлива.
По граѓанската војна, пејачката се повлече од музичката сцена и се пресели во Америка. Таму ја запозна љубовта на својот живот, пијанистот и композитор Метју Камерун.
Сега живее во Америка со своите три сина. Таа сè уште изгледа фантастично, иако влезе во шестата деценија од животот.
Можеме да видиме дека и покрај годините таа се уште има сјајна енергија и изгледа одлично.
Пред неколку години ја објави и својата прва книга, a прави и музика и пишува свој блог wakinguprevolution.com.