Дом и семејство
Сопругот ме остави со шест деца и без ниту еден денар – издржав и денес живеам одлично!
Мајка Херој...
Оксана Кобелеткај e мајка на шест деца која буквално сама успеала да се избори и да им обезбеди живот каков што заслужуваат.
Таа е мајка херој која сопругот ја оставил сама а при тоа не плаќа ниту алиментација скривајќи се зад замислена болест.
До 2015 година, семејството на Оксана Кобелеткај и Сергеј Семенов не се разликуваше од милиони други: мајка, татко и ќерката Алиса.
Неколку години по раѓањето на нивната најстара ќерка, парот започна да размислува за проширување на семејството. Кога на ултразвукот дознале дека ќе добијат петорка, останале без текст.
Оксана беше единствен случај. Една од 85 милиони бремени жени. Лекарите во Одеса веднаш предложиле отстранување на неколку ембриони, за другите да можат нормално да се развиваат. Оксана ја одби таа идеја. Таа одлучи: колку што Бог одлучил да зачнат, толку и деца ќе роди. Сепак, нејзиниот сопруг не бил задоволен од нејзината одлука.
Двојката го дочека крајот на бременоста заедно. Во 2016 година, се родија петте бебенца. Оксана роди три момчиња: Дејвид, Денис и Влада и две девојчиња: Саша и Даша. Петорката стана вистинска сензација, не само во Одеса, туку и низ целиот свет. Градоначалникот веднаш им ги предаде клучевите од петсобниот стан, а новинарите постојано ги бараа. Додека беше во болница, Оксана имаше голема помош од персоналот.
Првите неколку месеци, Сергеј беше тука за да и помогне на Оксана да ги храни, бања и да ги повие бебињата. Таа работа немаше крај. Кога го средувате едното бебе, другото плаче. Додека ги храните тројцата, четвртото и петото плачат затоа што се гладни. По неколку месеци, Сергеј изјави дека е уморен.
Оксана ја прифати таа изјава како машка слабост. Не и беше јасно како може да и каже на мајка дека е уморен, додека тој знаеше да поминува 3 часа на ден на компјутер играјќи игри. … Децата бараа постојано внимание. Капењето, облекувањето и оброкот траеја вкупно три часа.
Оксана станувала сама ноќе да се грижи за децата, бидејќи Сергеј одбил. Кога Дејвид, Денис, Влада, Саша и Даша наполниле шест месеци, нивниот татко решил да го напушти семејството, па тој поднел барање за развод. До денес не е позната причината за неговото заминување. Оксана не сакаше да го коментира заминувањето на Сергеј.
Потоа започна „забавата“.
Сергеј не сакаше да плаќа алиментација за своите шест деца: “Јас не сум физички способен. Бев повреден додека уште бев во брак. Затоа не сум во можност финансиски да им помагам на Оксана и на децата сега”, рече Сергеј.
Оксана само се насмеа на неговата изјава. Таа рече дека ако Сергеј нема пари, може да дојде и да ги чува децата – бидејќи тоа е доволна помош.
Петте деца беа темпераментни, постојано кршеа нешто. Сергеј не ги посети децата ниту постарата ќерка. Љубезни луѓе основаа фонд за помош на Оксана и децата. Како самохрана мајка на шест деца, Оксана доби помош и од државата.
Покрај тоа, Оксана најде начин да заработи пари. Таа започна блог, каде го опиша животот со шест деца.
Животот на ова необично семејство го следат над 100.000 луѓе. Децата учествуваат во снимање реклами, а семејството заработува многу од тоа. Оксана успеа да преживее во тешките моменти од нејзиниот живот и да остане силна.
А што се случи со Сергеј? Се чини дека таткото на семејството одлучи да продолжи да се крие зад замислена болест.