Кафе муабет

Живејте го животот според свои правила и не споредувајте се со другите

Понекогаш е тешко да најдете некоја мотивација, но е важно е да имате цел.

Живееме во време кога постојано слушаме за пандемија, вакцинација, постојано сме под стрес и нервозни. Кога ништо не е толку извесно, тешко е да се има мотивација во некои ситуации, но важно е човек да има некоја цел, па макар и „само“ целта да ви е да се чувствувате подобро.

Секој од нас треба да го живее својот живот според свои правила и без споредување со другите. Односно, научете да ги цените своите достигнувања и својата сила. А во ова време, тоа е особено важно.

Со месеци наназад бараме начини паметно да го искористиме времето и да се чувствуваме поисполнето. Од многу предлози за усовршување и учење нови вештини, тешко е да го пробаме она што нам ни одговара, ако воопшто има нешто што ни одговара целосно.

А тогаш гледаме како некој од нашите пријатели се фали дека ги намалил вишокот килограми, некој друг почнал да готви нови јадења, некој усовршил некоја нова програма… Тоа прави да се чувствуваме како ништо да немаме постигнато, но, споредувањето со другите може да биде многу лошо за нашата психа. Ние не знаеме каков пат поминале тие за да го видиме она што ни го сервирале, а тоа најчесто и не е целата приказна.

Тоа, всушност, е и еден од главните проблеми на социјалните мрежи – секој себеси си се прикажува во такво светло какво што сака и секогаш ни се чини дека тревата е позелена во туѓиот двор, дури и кога тоа не е така.

Што можете да направите?

Бидете фини кон себе

Споредувањето со другите носи различни мисли за вас самите, а тие честопати не се најубави. Наместо да се занимавате со критики и сомнежи, потсетете се на својата сила.

Избегнувајте ги социјалните мрежи

Најдобро решение е воопшто да не ги посетувате, но, доколку тоа не ви е изводливо од некоја причина, добро изберете што сакате а што не сакате да гледате. Различни социјални мрежи нудат различни опции, па пробајте да се фокусирате на теми кои ве опуштаат и ве мотивираат, а избегнете ги лошите вести и „крадачите“ на енергија.

Не навредувајте се себеси пред другите

Како во себе, така и на глас, не треба да изговарате нешто лошо за себе, особено во поголем друштво. Не само што тие може да стекнат погрешна слика, туку и себеси ќе се навикните дека другите мислат нешто лошо за вас, дури и кога тоа не е случај. А и секој лош коментар на сопствена сметка, и тоа како влијае на вашата самодоверба.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close