Кафе муабет

Еве зошто 4 април ќе биде еден од најсреќните денови во годината

Еве што вели нумерологијата за овој ден.

Бројот четири во нумерологијата означува се’ што се однесува на стабилност и сила. На 4 април ќе доживееме двојна доза од оваа енергија, а дека ќе биде среќен ден, покажува и нумерологијата и астрологијата.

Нумерологија 4/4

Бројот четири е број на стабилноста, безбедност, сила и темели. Размислете за масата или столот – имаат четири нозе за да даваат цврстила и стабилност. Во нумерологијата, бројот 4 претставува приземна и логична вибрација.

Кога станува збор за создавање живот кој го сакаме, квалитетот на бројот 4 може да ни помогне да изградиме цврсти темели во кои нашите соништа може да се втемелат. На секој му е потребна една поинаква стабилност, без разлика дали е тоа емоционална, ментална, физичка, духовна или социјална, дури и кога имаме цврсти темели во нашиот живот на кои можеме да се потприме, секогаш сме во состојба да создадеме нешто потрајно и со поголема смисла.

Бидејќи нумеролошката магија на овој датум ја удвојува присутноста на бројот четири, ќе имаме уште помоќна енергија со која ќе се совпаднеме.

Како најдобро да ја искористите енергијата на овој ден?

Најдобриот начин да ја канализирате нумеролошката магија на бројот 4 е да се посветите на откажување од лошите навики. Заземете цврста положба во своите уверенија, ослободете се од она што повеќе не ви треба и посветете се на создавање на нешто вредно и трајно.

Ова е одличен ден за поминување време во природа, за јога или за одредени ритуали кои ве полнат со енергија.

Дополнително водете сметка за да ја заштитите својата енергија на овој ден и обидете се да си поставите правилни граници.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close