Градинка
Малите чоколадни јајца може да бидат опасни за вашите деца, наместо тоа, еве што да им купите
Малите чоколадни јајца носат ризик од загушување.
Поради својата големина, слична на грозје, малите чоколадни јајца може да предизвикат гушење, односно, може да се заглават во дишните патишта на малечките. Наместо тоа, купувајте им поголеми јајца кои се шупливи внатре и кои лесно може да се кршат на помали парчиња.
Тоа значи дека се помалку опасни, што ги прави подобар избор и за Велигден.
Во Велика Британија околу 40 деца помали од 5 години секојдневно одат во болница поради гушење или голтање на нешто опасно.
Додека јадат, малите треба да ги надгледувате постојано. Можеби не сфаќавте колку се опасни малите јајца, но никогаш не е доцна да ги исфрлите од употреба кај вашите малечки и да се обидете со подобра замена.