Градинка

Детето ништо не ви зборува за градинката? Пробајте со овие неколку прашања!

Бидете мудри и поставете ги прашањата на поинаков начин.

Ако вашето дете на прашањето „Како помина во градинка?“ ви одговори само „Добро“ и ништо повеќе не можете да извлечете од него, тогаш обидете се да му пристапите на поинаков начин. Во продолжение погледнете неколку совети.

Најпрво, прилагодете ги прашањата на детските развојни карактеристики и способности, бидете свесни дека:

  • детето од 2 до 3 години може да раскажува случување од блиското минато или кратка приказна
  • детето во доба од 3 до 4 години покажува смисла за хумор и ужива во шегите
  • детето од 4 до 5 години може подолго време да разговара со возрасните
  • детето од 5 до 6 години комуницира со леснотија и прераскажува сегашни и минати случки со повеќе детали

Поттикнете го детето да ви зборува за својот ден во градинка

Во продолжение ви прикажуваме неколку прашања со кои ќе ја поттикенте подготвеноста на детето да комуницира и споделувањето искуства:

1. Како би го оценил својот ден во градинка на скала од 1 до 5? Зошто?

2. Видов дека денес Ана имаше роденден, како го прославивте?

3. Што те насмеа денес?

4. Наброј три предмети од градинка кои почнуваат со буквата К

5. Дали денес некој беше тажен? Зошто? Што направи ти за да му помогнеш?

6. Што би сакал/а да правиш во градинка, но моментално не можеш/не смееш?

7. Кој во друштвото ти е омилен/а пријател/ка? Зошто? Што сакаш најмногу да си играте заедно?

8. Кажи ми 2 пријатели кои почнуваат со истата буква како и твојата!

9. Што би направил/а кога некој би му ја украл играчката на твоето другарче?

10. Слушна ли денес некој интересен виц? Ајде, кажи ми го!

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close