Новости

НЕВЕРОЈАТНА КОЛИЧИНА АНТИТЕЛА ПО ПРВАТА ВАКЦИНА: Во Македонија секој трет граѓанин има ковид антитела- Доктор Гњатовиќ предупредува: Може да се заразите и по втората доза од вакцината!

Оние кои примиле вакцина имаат неверојатно количество на антитела...

Добро познатиот хрватски пулмолог д-р Сашо Шриќ беше заболен од коронавирусот и успеа да го победи, со поблаги симптоми, во октомври минатата година. Како што вели за 24 сата.хр, кога ја измерил количината на антитела откако го преболе вирусот, ги имаше стотици. Тој исто така неодамна ја прими својата прва доза на вакцина и антителата се искачија на скоро 45.000.

Фото Илустрација

– Ми рекоа дека нема да ми треба втора доза, ова е веќе неверојатна количина антитела. Покрај тоа, со втората доза може да имам посилни несакани ефекти – објаснува лекарот. 

Foto: Tomislav Miletic/PIXSELL

Можно е друга доза од вакцината да му наштети на организмот затоа што може да се развие одредена форма на имунолошки комплексна болест. Прекумерното изложување на антигени би било штетно. Во случај на нивни прекумерен прилив, создадените решетки на антитела и антигени може да се депонираат во форма на имунолошки комплекси на sидовите на крвните садови и да доведат до нивно воспаление, кое ние го нарекуваме васкулитис. Нема смисла да се преоптоварува имунолошкиот систем, кој веќе реагира правилно – вели имунологот проф. Д-р Златко Тробоњаша за 24 сата.хр.

foto inz.ba/

Дали ова значи дека, кога вакцината и онака веќе недостасува, втората доза во такви случаи се фрла и може потенцијално да биде опасна?

Вирусниот имунолог Лука Шичин-Шаин од Хелмхолц центарот за истражување на инфективни болести вели дека титарот од 1: 1000 после КОВИД е екстремно висок, а титарот од 1: 45,000 е околу десет пати поголем од највисокиот по инфекција.

foto eZadar.hr

– Веројатно во овој случај, природниот имунитет веќе дал доволно заштита, но по првата доза тоа е навистина доволно. Сепак, ова не е правило, туку исклучок. Многу луѓе со поблага форма на болеста имаат титар повеќе од стотици отколку илјадници. Конечно, треба да се нагласи, високиот титар на антитела исто така штити од новите мутирани видови на коронавирус како што е јужноафриканската. Затоа, барем една доза на вакцина кај луѓе кои имале КОВИД е совршено разумна идеја да се подигне титарот на антителата. Тестирањето на титарот кај овие лица навистина би помогнало да се идентификуваат оние кои веќе добиле висок титар по првата доза и на кои не им е потребна втората доза – вели д-р Шичин-Шаин.

Секој трет граѓанин има антитела на ковид-19

Истражувањето спроведено на Институтот за имунобиологија изминатите две недели во Скопје покажа дека секој трет граѓанин има антитела на Ковид-19.

foto jutarnji.hr/

„Обработката на податоците покажа дека 31 отсто од испитаниците имаат антитела или секој трет граѓанин прележал ковид-19. Во анализата беа земени примероци и од луѓе кои знаеле дека го прележале вирусот, но и од испитаници кои не биле заразени или пак не знаеле дека прележале“, вели директорот на Институтот за имунобиологија Александар Петличковски.

Како што објави SDK.MK институтот правел испитувања и врз медицинските лица кои ја примија вакцината на „Фајзер“ за резултатите кои ги дава вакцинацијата. Петличковски вели дека податоците кои ги добиле се одлични, вакцинираните лица имаат голема доза антитела.

Foto: Profimedia/MICHAEL KAPPELER/AFP

„Оние кои прележале ковид-19, само со една доза имаат голема концентрација на антитела. Затоа, сметам дека тие лица не треба да примаат две дози, доволно е една“, вели Петличковски.

Според Петличковски, ваквите разулатите покажуваат дека земјава е на половина пат кон создавање колективен имунитет.

Примивте втора доза на вакцина и заболевте од Ковид-19?

Инфекцијата со вирусот корона по примање на првата доза на вакцината не е невообичаена, но дури и ако ја добиете целата доза на вакцината и се заразите веднаш после тоа, не треба да бидете изненадени.
Како што објасни за ТВ Прва, д-р Марија Гњатовиќ, соработник на Институтот за примена на нуклеарна енергија, на вакцината и треба време да започне со работа.

Printskrin: RTS

– Комплетен имунитет по две дози вакцина Синофарм, која ја примија најголемиот број граѓани, се јавува по околу еден месец – вели Гњатовиќ.

– Знам дека се пријавени случаи на заразување на граѓани помеѓу примање на две дози или веднаш по примање на втората доза.

Таа посочува дека се очекува да постои можност за инфекција и неколку дена по втората доза од вакцината.

фото профимедиа

– Квалитетот на вакцините не смее да се доведува во прашање поради тоа, но едноставно нема механизам што ќе ве заштити се додека не се развие имунолошкиот одговор по вакцинирањето – нагласува Гњатовиќ.

За оние кои ја примиле првата доза, а потоа заболеле од Ковид-19, се препорачува да се земе втората доза кога ќе се опорават.

Situacija u beogradskoj bolnici teška, Foto: Ilustracija, EPA-EFE/Juan Ignacio Roncoroni

На прашањето дали децата треба да се вакцинираат, д-р Гњатовиќ рече дека постојните вакцини допрва треба да се прилагодуваат на помладата возраст.

– Со вакцините што се моментално достапни, не треба да се размислува за вакцинирање на деца, најважно е да се вакцинираат старите лица, така и ние ги штитиме децата- објаснува Гњатовиќ.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close