Градинка

Татко на девојчиња: Ова се најубавите работи кога имаш ќерки

Ќерките носат посебен поглед кон светот.

Еден татко на две девојчиња напишал листа од неколку работи поради кои, како што вели, е пресреќен што има ќерки. иако на почетокот мислел дека нема толку добро да се снаоѓа во улогата на татко, признал дека сега е пресреќен што неговите ќерки му донеле толку прекрасни, нови работи и поинаков поглед кон светот.

Нежност

Девојчињата се многу нежни, внимателни и педантни.

Коса

Овој татко наведува дека е среќен што може да им прави фризури на своите ќерки, иако не е многу вешт во тоа. Доволно му е што знае да им ја собере косата и дека со тоа неговите најмили се задоволни.

Преговарање

Девојчињата знаат да преговараат на различни теми. Зар не?

Разговор

Како што наведува овој татко, неговите ќерки се жив доказ дека девојчињата обожаваат многу да зборуваат.

Галење

Галење секогаш и секаде. Филмска ноќ. Спиење. Вечера. Одење во градинка. Животот со девојчињата е едно големо галење и гушкање, барем додека се’ уште ви дозволуваат!

Преправање

Омилените игри на девојчињата се преправање дека се мајка и татко. Концерти. Болници. Училишта… Прекрасно е да се живее со нивната креативност и фантазија.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close