БебеГрадинка

Децата на социјалните мрежи: Неколку фотографии кои родителите не би требало да ги објавуваат

Колку често вие објавувате фотографија од вашите малечки?

Децата се неодоливи, па затоа и не треба да се чудиме зошто родителите сакаат да ги покажат на целиот свет. Меѓутоа, некои фотографии не треба да се појават на интернет.

Фотографија од капење

Секоја фотографија на која вашето дете е дури и делумно облечено, никако не е за во јавност. Иако децата на таквите фотографии се неодоливи и би сакале да ги „згмечите“ и да ги бакнувате, ваквите форографии честопати може да дојдат во погрешни раце, како што се ловци на детска порнографија.

Фотографија на која малите се болни или повредени

Работата на родителите е да ги заштитат своите деца, не да ги искористуваат. Иако вашето дете во секој момент ви е најубаво, запрашајте се дали некој би сакал да објавува ваши фотографии во моменти кога не сте во најдобро издание. Најверојатно не.

Имајте го тоа предвид пред да ставите фотографија од вашето дете кое е болно, настинато или повредено.

Фотографија од која би се срамело вашето дете

Можеби смешните фотографии ви се интересни и сакате да ги споделите со другите, но кога малку ќе пораснат, децата во тоа не би виделе ништо смешно. Водете сметка за тоа вашето дете во иднина да не се срами од тоа што вие го објавувате сега.

Опасни и несигурни активности

Му давате пиво на вашето дете за да направите смешна фотографија … Ваквите фотографии се направени од чиста забава, но може да ви донесат многу проблеми ако ги објавите на социјалните мрежи.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close