Кафе муабет

СЛАВЕЊЕ ВО ДОМОТ НА ЏОГАНИ: Луна сподели среќни вести- честитки пристигнуваат од сите страни!

Луна е горда на својата сестра...

Сестрата на Луна Џогани, Нина, го започна својот прв бизнис – заврши школа за шминка и сега ќе се занимава професионално со шминкање.

Инаку Луна е многу горда на нејзиниот успех па реши и јавно да се пофали.

Таа сподели фотографија од нејзината сестра со дипломата и напиша …

– Секоја чест сестро, диплома за шминкање – поранешната соработничка ја пофали својата сестра за нејзиниот успех.

Нина веќе ја нашминка Луна, а како изгледаше може да погледнете на фотографијата подолу.

Фото Инстаграм

Инаку пред две години, помладата сестра на Луна Џогани, Нина Џогани, објави фотографија со „емотикон“ прстен и срце.

Со ова таа ги разгоре гласините дека се свршила.

Само да потсетиме, Луна која во регионот најмногу се прослави со нејзиното учество во српските реални шоуа, има две сестри. Една и е родена – Нина Џогани и таа е од бракот на Анабела Атијас со Гаги Џогани, додека другата е Бланкица, од бракот на Анабела со Андреја Атијас.

фото инстагра

Инаку Луна периодов е во центарот на вниманието поради нејзината бременост. Таа со својот свршеник Марко го очекуваат своето прво дете кое ќе го носи името Миа.

 

Нивната свадба ја одложија заради пандемијата, но не и венчавката

Тие заради пандемијата ја одложија нивната свадба, но сепак пред да го прошират семејството ќе застанат на „лудиот камен“.

Фото Инстаграм

Наводно тие треба да се венчаат до крајот на март, кога планираат и имаат закажано и да го изговорат судбоносното „ДА“.

Луна Џогани наводно постојано зборувала дека не сака да биде една од оние жени што се породиле, а немаат сопруг. Како што вели извор за српските медиуми, кој е близок до познатиот ријалити пар, Луна го притиснала Марко што побрзо да се венчаат, па дури тоа да биде само и во општина последната недела од мат, а за тоа ги известиле само најблиските од семејството.

Во моментот планираат само венчавка, а голема свадба ќе направат дури откако ќе биде прогласен крај на пандемијата.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close