Кафе муабет
Кога ќе помислите дека животот не е фер – сетете се на овие зборови!
Во животот се' зависи од перспективата од која го набљудуваме светот.
Ако некогаш чувствувате дека не можете да продолжите понетаму и дека животот ви дава премногу товар, сетете се на некои од овие реченици, кои веруваме дека барем малку ќе ве подгинат и ќе ве вратат во живот.
- Што и да правите, никогаш не враќајте се на она што ве повредило.
- Кога ќе ви изгледа дека немате за што да бидете благодарни, сетете се дека сте се разбудиле живи и здрави. Некои ја немале таа среќа.
- Ситуацијата во која се наоѓате, нема да трае засекогаш. Најдоброто допрва доаѓа.
- Кога животот е сладок, кажи фала и прослави. Кога животот е горчлив, заблагодари се и извлечи поука.
- Лошите работи кои ни се случуваат во животот понекогаш не’ насочуваат на патот кој ќе не’ одведе до најдобрите работи кои некогаш би ги почувствувале.
- Секој ден е нова прилика да го промените својот живот.
- Најдете нешто позитивно во секој ден, дури и во оние денови кога треба малку подолго време да го барате она позитивното.
- Животот не мора да биде совршен за да биде прекрасен.
- Најлошто најчесто не’ учи на најдоброто.