MAMA

Овие работи ги сака секоја нова мајка, но НИКОГАШ нема да ви ги признае

Да се биде мајка е прекрасно и возбудливо, но и премногу исцрпувачко...

Мајчинството подразбира бура од хормони, недостаток на сон и период на големи животни промени. Мајките на новороденчињата честопати се чувствуваат осамено и преплавено со чудни чувства и тоа им трае првите недели, па и месеци по породувањето.

Мајките не спијат доволно и емоционално се прилагодуваат на новата ситуација, грижејќи се за потребите на своите малечки. Многу пријатели и членови на семејството кои порано ветувале дека ќе даваат поддршка, сега се преокупирани со сопствениот живот и не се појавуваат никаде…

Па, што ние како добри пријатели, роднини и соседи, можеме да направиме за да им ја пружиме потребната поддршка на сите нови мајки?

Да им донесете храна

Без оглед дали ќе направите нешто или ќе отидете до најблискиот супермаркет и ќе наполните неколку кесиња, секоја нова мајка ќе ја цени вкусната храна која не морала сама да ја купува или да ја готви.

Да им помогнете во чистењето

Која нова мајка има енергија за чистење и перење алишта? Бидете внимателни кога ќе се понудите да ја извршите оваа задача. Само кажете им на новите мајки дека заслужуваат да бидат поштедени од работа и дека со задоволство би ги измиле садовите или би ја испрале облеката. Ако е можно, понудете им го тоа преку телефон или порака, пред да стигнете во нивниот дом.

Чување на децата

Без разлика дали тоа значи држење на бебето додека мајката се тушира на раат или додека дремнува час-два, оваа понуда секогаш се цени. Самата прилика да се има време за себе е многу, многу корисна.

Разгалете ги

Однесете ја новопечената мајка на маникир или на шопинг. Друга можност: Направете подарок за кој знаете дека го обожава и дајте ѝ го, дефинитивно ќе се почувствува прекрасно.

Охрабрете ги

Слатко е кога буќет цвеќе ќе стигне пред вратата, а преслатко е да се најде и весела честитка во поштенското сандаче. Но, знаете што е најдобро (и така едноставно)? Примање порака од пријател кој нуди поддршка и кој ве прашува како сте. Бесплатно е, не е комплицирано и на новопечените мајки повеќе пати ќе им даде до знаење дека не се сами и дека некој мисли на нив.

Не грижете се ако мајките не стигнат секогаш да одговорат на вашите пораки. Можеби спијат или едноставно се преуморни. Но, вие и понатаму продолжете да давате љубов. „Хеј, мислам на тебе! Само да ти кажам дека си прекрасна! Те гушкам!“.

Ова е одличен начин да ја потсетите своајта пријателка дека се’ уште постои некој кој мисли на неа. Овие мали гестови имаат позитивно и трајно влијание.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close