Кафе муабет

“Кога ќе најдете маж кој издржува еден час во кревет пратете ми го”- Даниела Дворник со овој коментар предизвика лавина од реакции!

Таа се пошегува на Инстаграм...

Сопругата на покојниот пејач Дино Дворник,кралот на фанк музиката од овие простори, Данијела, на својот Инстаграм профил објави фотографија од прошетката, а покрај пофалните коментари за изгледот, следеше еден со необично барање.

фото инстаграм

– Ми треба маж кој може да издржи еден час во кревет – напиша една жена во коментар, а Даниела на шега одговори:

– Кога ќе го пронајдете, препратете го – рече Дворник, чиј коментар предизвика бура од коментари од жени кои се согласија со неа.

инстаграм

Даниела им призна на своите придружници дека доста е да седи дома и дека наскоро ќе започне повторно да тренира.

– Ова е загревање затоа што утре ќе започнам со тренинзи, што ми недостигаа затоа што веќе подолго време не сум била во свој ритам. Бидејќи минатата година цела беше ненормална за нас, а и оваа не започна подобро, се опуштив малку. И таа вистина ме прогонува дење и ноќе. Во 2022 година, имам план да се искачам на Килиманџаро, па затоа би било добро да започнам со подготовки веќе – напиша таа.

Инаку Даниела е баба на две внучиња кои ги доби од ќерката Ела, а на својот Инстаграм профил таа објавува фотографии во друштво на своите внучиња, и вели дека секое слободно време го минува со нив.

фото инстаграм
фото инстаграм

Ќерката Ела е нејзина копија!

 

Даниела и покојниот Дино Дворник ја имаат ќерката Ела која е мајка на две деца, ќерките Бејли и Луми Врен, а многумина велат дека многу потсетува на својата мајка.

 

 

Во февруари минатата година таа стапи во брак со нејзиното долгогодишно момче Чарлс Пирс.

 

Ела на венчавката носеше краток фустан со интересен крој дело на Зигман, додека Чарлс класичен костум.

Во 2017 година, Ела во еден нејзин пост ја опиша нејзината прва средба со Чарлс.

 

 

„Се започна со пиво. Седевме во бар, во кој можеше да се пуши и слушавме како една жена пробува да пеее. По третото пиво, ние веќе почнавме да зборуваме за минатото и што сакаме од иднината. Ми се допадна неговиот британски акцент, иако мојот англиски звучеше смешно.Тој ме третираат како дама, иако никогаш во мојот живот не сум се чувствувал така. Имаше нешто во воздухот и двајцата сметавме дека нема да биде само една од тие ноќи “, напиша Ела.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close