Нега и здравје

Лоши вести за македонците во Германија- работите излегуваат од контрола, Меркел бара затворање на границите!

Меркел со предлог за затворање на границите...

За време на состанокот на раководството на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) германската канцеларка Ангела Меркел истакна дека ситуацијата во нејзината земја излезе од контрола и поради тоа се залагаше за можноста за целосна забрана за патување со цел да се намали бројот на новозаразени, објавија германските медиуми во вторникот.

“Излегуваме од контрола. Мора да ги заостриме мерките или ќе бидеме таму каде што бевме на почетокот, повторно за 14 дена. Не можеме ли да го забраниме патувањето”, рече Ангела Меркел за време на видео-конференција со водечките политичари на ЦДУ на федералните провинции, објавува дневниот Билд повикувајќи се на учесниците на состанокот.

Затворање на границите?

„Треба да го намалиме воздушниот сообраќај, така што никој повеќе да не може да оди никаде“, рече Меркел, и истовремено ја споменала можноста за затворање на границите, како што беше случајот на пролет.

-Треба да ги заостриме мерките, во спротивно ќе бидеме како на почетокот. 

Foto: Profimedia/MICHAEL KAPPELER/AFP

Таа посочи дека за време на Божиќните празници, 50.000 Германци патувале дневно на Канарските острови и Малдивите.

На истиот состанок, таа го доведе во прашање ублажувањето на мерките за заштита по средината на февруари. Како причина за сè уште тешката состојба, и покрај падот на бројот на новозаболени, Меркел го наведе појавувањето на нов мутантен коронавирус кој се шири со многу побрзо темпо.

Situacija u beogradskoj bolnici teška, Foto: Ilustracija, EPA-EFE/Juan Ignacio Roncoroni

Доколку постои можно олеснување на мерките по средината на февруари, Меркел е на мислење дека прво треба да се отворат градинките и училиштата.

Строгите мерки на затворање се во сила во Германија до средината на февруари, вклучително и забрана за работа на скоро сите малопродажни, угостителски, културни и спортски објекти.

Фото Илустрација

Меркел на состанокот посочи дека бројот на нови пациенти мора да се намали на 50 на 100.000 жители и констаира дека сега сите се среќни кога има под 200.

Tимот на СЗО ја почнува мисијата за утврдување на потеклото на коронавирусот

foto jutarnji.hr/

Како што пренесува МИА, денеска тимот на Светската здравствена организација (СЗО) во кинескиот град Вухан ја почнува теренската работа во мисијата на утврдување на фактите за потеклото на коронавирусот што ја предизвика пандемијата на Ковид-19.

 

foto eZadar.hr

 

По 14 дневниот карантин кој го помина тимот на барање на Кина, тимот денеска ќе започне со работа.

Имено од почетокот на пандемијата со Ковид-19, се верува дека вирусот кон крајот на 2019 година преминал од животни врз луѓе.

Кинеската државна телевизија денеска јави дека 13-те експерти на СЗО почнуваат со работа и дека сакаат да спроведат интервјуа и да ги посетат болниците. Тие, исто така, планираат да отидат до сточниот пазар каде за првпат се појавил коронавирусот.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close