Кафе муабет
Излезе на прошетка со синот и погледнете кого понесе со себе- пејачката со оваа фотографија ги освои фановите!
Пријовиќ го искористи убавото време и излезе на прошетка...
Иако малиот Александар ќе полни 2 години, сепак пејачката Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ не сакаат да го експонираат во јавноста.
Сепак одвреме навреме пејачката знае да објави фотографија од нејзиното синче и да ги расопи срцата на фановите.
Александра Пријовиќ реши да го искористи слободното време и се прошета со својот син Александар а по тој повод забележа премногу сладок момент.
Имено, малото детенце одеше пред неговата мајка и со себе го носеше своето кученце.
Гордата мајка тој момент веднаш го објави на Инстаграм, а многумина изјавија дека таа и синот на Филип се неодоливи.
Тие ретко објавуваат фотографии од нивното синче…
Пред неколку дена и сопругот на Александра Пријовиќ, Филип Живојиновиќ објави неодолива фотографија од нивното синче.
Имено Филип доби многу позитивни коментари откако објави фотографија од синчето Александар кое седи покрај пијаното и како што може да се забележи од фотографијата веќе покажува афинитети кон музиката.
Филип во описот на фотографијата се пошегува:
– Дали спиете мирно, колеги музичари?
Гордата мајка Александра веднаш се огласи со коментар и напиша:
„Љубов мајкина!
Пејачката во неколку наврати истакна дека Филип е супер татко и дека помага во грижата на нивниот син Александар.
„Јас сум сигурна дека го избрав вистинскиот партнер. Филип е свесен што значи мајката за едно дете. На децата им се потребни и двата родители, без разлика на тоа дали нивните патишта ќе се разделат“, истакна таа во една прилика.
За време на паузата предизвикана од короната, таа истакна дека ужива со семејството и пријателите, но и откри дека работи на својот албум, во кој како што вели, нема да има дует со Лепа Брена.
Уживам во секој момент во нашиот мир дома и во дружењето со семејството и пријателите. Кај нас секогаш има некое добро јадење, за кое во главно е задолжен Филип, така што пријателите сакаат да дојдат кај нас.
Инаку пејачката во неколку наврати изјави дека многу нејзини колешки се љубоморни на нејзиниот мирен брак исполнет со љубов. Таа вели дека не можат да се помират со фактот дека се омажила со Филип, и дека е снаа на Лепа Брена.
Истакна дека најмногу ја нервира тоа што за неа зборуваат дека успеала во кариерата токму поради познатото име на нејзиниот сопруг и свекрвата, иако како што вели за целиот свој успех е заслужна самата таа, и сама до денар ги финансирала сите свои спотови.