Кафе муабет
ВЕРЕНИЧКИОТ ПРСТЕН ВРЕДИ ЦЕЛО БОГАТСТВО: Марија Шарапова се мажи за британски милионер, нема да верувате колку пари дал за овој прстен!
Марија Шарапова ќе го каже судбоносното "Да"
Откако минатата година стави крај на својата кариера, и реши да с еповлече од тениските терени сега Марија Шарапова ќе заполови во брачните води.
Познатата руска тенисерка Марија Шарапова не само што ужива да ужива во среќна врска со англискиот милионер, туку сега може да се пофали и со вереничкиот прстен кој вреди цело богатство. Александар Гликес репи да не штеди пари за љубовта на својот живот и решил за Марија да купи веренички прстен со пет-каратен дијамант, специјално дизајниран за неа кој чини дури 400.000 американски долари!
Шарапова реши да ја заврши својата играчка кариера на почетокот на минатата година, а сега се чини дека многумина не би ја препознале на прв поглед. Ниту пак би очекувале дека би стапила во брак.
Откако ја раскина свршувачката со словенечкиот кошаркар со српско потекло, Саша Вујачиќ и сериозната врска со бугарскиот тенисер Григор Димитров, Шарапова влезе во врска со споменатиот англиски богаташ.
Александер Гликес е роден во Лондон, потекнува од богато семејство, неговиот татко е познат стоматолог, а мајка му е професор на Оксфорд. Студирал на престижен колеџ и се дружи со британски џет-сет. Меѓу другото, тој е добар пријател со принцовите Вилијам и Хари.
Интересно е и тоа што Александар е заљубен во рускиот јазик и литература и воедно зборува одлично руски јазик.
Во 2010 година, тој и група пријатели ја основаа аукциската куќа “Paddle8”, , специјализирана за продажба на уметнички дела, и со тоа го зголемија своето богатство, а дел од тоа богатство – тој потроши на вереничкиот прстен кој го чинеше 400.000 американски долари.
Инаку, тој веќе има еден брак зад себе. Кога имал 24 години, се сретнал со 17-годишната Американка – Миша. Тие беа заедно 13 години, заедно со бракот кој траеше од 2012 до 2016 година. Тие се венчаа во Венеција во присуство на бројни членови на англиското кралско семејство.
Зад себе Шарапова има успешна кариера!
Шарапова важи за една од најдобрите тенисерки на сите времиња. Во 2004 година кога имаше само 17 години таа се запиша во историјата како трета најмлада освојувачка на Вимблдон (зад Лоти Дод и Мартина Хингис) откако во финалето извојува победа над Американката Серена Вилијамс.
Шарапова има освоено Златен слем на кариерата-победувајќи на сите четири гренд слем турнири. Шарапова ја освоила и својата трета гренд слем титула, овој пат на Австралијан Опен.
Во 2012 година таа ја освоила својата 4-та гренд слем титула, прва на Роланд Гарос, победувајќи ја италијанската тенисерка Сара Ерани.
Со тенис започнала да се занимава на шестгодишна возраст, а на еден тренинг во Сочи, нејзиниот талент бил забележан од страна на Мартина Навратилова, а првпат почнала да тренира тенис со рекетот подарен од таткото на Евгениј Кафелников. На седум години, Шарапова отишла во САД, заедно со нејзиниот татко Јури (кој не го зборувал англискиот јазик и морал да работи секакви работи за да обезбедат средства за живот), и станала дел од Тениската академија „IMG“ на Ник Болетиери“, во Бредентон, Флорида. Нејзината мајка, Елена, која била оневозможена да влезе во САД поради визниот режим, пристигнала неколку години подоцна. Оттогаш, Шарапова живее во САД, но сѐ уште има руско државјанство.
Во 2002 година, Шарапова купила куќа на плажата Менхетн, Калифорнија во предградие на Лос Анџелес, но најголем дел од годината го минува близу тренинг кампот во Бредентон.
Денес таа е заштитно лице на многу брендови, и може да се пофали со успешна кариера.