UncategorizedНовости
Гоца Божиновска ќе стане баба, Бојана Родиќ е бремена: „Господ за Божиќ ми го испрати најубавиот подарок“
Пејачката е пресреќна, па реши да сподели како се чувствува
Бојана Родиќ и Мирко Шијан го чекаат своето прво дете, а среќната вест ја откри нејзината сестра Наташа, како и сестрата на Мирко, Зорана Шијан.
Наташа на својот Инстаграм профил покажа тест за бременост, означувајќи го Мирко и Бојана во својата објава.
„Ќе станам тетка“, напиша таа.
За кратко време и Зорана, сестрата на Мирко, се огласи заради истиот повод преку својот профил на социјалните мрежи.
„Ти благодарам снао! Доаѓа Шијан! Те сакаме од првиот ден, многу! Те сакам!“ напиша Зоранја на својот профил на Инстаграм.
Инаку, Мирко, синот на пејачката Гоца Божиновска, пред неколку месеци изјави дек планира да ја ожени Бојана, сестрата на Богдана Ражнатовиќ, и дека би биле најсреќни кога таа би останала во блажена состојба.
Радосните вести ги сподели и неговата мајка, која за српскиот Курир изјави дека ова е најдобриот подарок што можела да го добие за Божиќ.
„Најубавиот божиќен подарок. Убавите вести ми ги соопшти мојот син и Бојана. Имаа мала торбичка во која беше тестот за бременост и ја закачија за елката. ‘Малку доцнам со подарокот’, изјави, а бидејќи веќе ми беше купил подарок јас дури и го скарав што постојано ми купува подароци. Јас го вадам од торбичката подарокот и помислив дека е УСБ, бидејќи телефонот ми се расипа и сите ми кажуваа да земам УСБ и да ги сочувам сите податоци“ изјави Гоца Божиновска и додаде:
„Тоа во нашето време беше поинаку, па мислев дека е УСБ, а Мирко ми кажа да погледнам малку подобри и дека халуцинирам. Па ми погоди што ми треба, токму тоа ми треба, а кога го свртев и видов дека е тест за бременост бев пресреќна“, изјави за Курир познатата пејачка.
„Бев во хаос, не го очекував тоа. А смешно ми е што Бојана имаше проблем десетина дена, и беше нешто лошо, нешто ја болеше стомакот, а јас во хаос не мислам дека е можеби бремена, туку низ Сурчин за Бадник трчав да и најдам чај, па не го најдов никаде, а тие на мене за Божиќ тест за бременост“, се присетува пејачката.
„Толку сум среќна да сум на седмо небо. Божи ми го даде најубавиот подарок. Мислев дека сум лош човек, секој има свои гревови, но не сум. Господ ме награди со најубавиот подарок, пресреќна сум баба, само се до крај да биде како што треба“, изјави на крај Божиновска и на сите им посака среќен Божиќ, радост и многу здравје во ноовата година.