Кафе муабет

Еден ден ќе сфатиш дека постојат луѓе кои нема да те предадат НИКОГАШ

Еден ден ќе сфатиш многу работи.... но за тоа е потребно искуство.

Еден ден ќе сфатиш дека постојат луѓе кои никогаш нема да те предада, но пред тоа ќе мора да поминеш низ многу, многу предавства. Еден ден ќе сфатиш дека надворешниот сјај не е ништо во споредба со внатрешната убавина.

Затоа што се’ што е однадвор – трае до првиот дожд. Она што е внатре – гори засекогаш. Дури и ако се изгасне понекогаш, доволно е лесно да дувнете и оганот полека ќе пламне и ќе ве згрее.

Еден ден ќе сфатиш дека семејството е најважно од се’ и дека колку и да се оддалечиш, блиските секогаш ќе ги боли и твојата болка. А „пријателите“, многу лесно ќе се оттргнат од вашиот пат и ќе ве остават во бунило.

Еден ден ќе сфатиш дека постоајт луѓе кои секогаш може да ви измамат насмевка на лицето, кои ќе се прегазат себеси само за да ве видат задоволни и исполнети. Еден ден ќе сфатиш дека добрината, нежноста, љубовта и грижата, се внатрешна сила, а не слабост.

Еден ден многу работи ќе ти станат јасни, но за тоа е потребно време. Потребно е да поминете низ многу трнливи патишта, за да ја почувствувате среќата и да сфатите кои луѓе треба да бидат покрај вас.

Но притоа, низ животното патување, не заборавајте да сакате, да дарувате љубов и да бидете хумани. Дарувајќи љубов, се полните себеси со живот.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close