Градинка

Скокајте и играјте со вашите деца, дајте им детство за паметење

Играта е составен дел од учењето.

Сетете се на вашите игри од детството. Седнете на подот, изгаснете го телевизорот, мобилниот телефон и компјутерот, вратете се во минатото и бидете со своите деца. Сложувајте коцки, пејте си песнички, читајте приказни, скокајте, играјте.

Развојот на мозокот е најинтензивен во првите три години, но и најчувствителен, затоа што она што може да биде нарушено во оваа доба, подоцна може да има некои последици. Кога ќе се роди бебето, поседува моќ за чувствувување и учење. Чувствата се многу важни и што повеќе ги вклучувате, толку поинтензивен е одговорот.

Вратете се во детството

Седнете со вашето дете и потсетете се на сите игри кои сте ги играле во вашето детство, кога не постоеја мобилните телефони. Секоја нова ситуација е нов предизвик. Скокајте по калливи вирчиња, поттикнувајте го детето на креативност, дајте му самото тоа да решава некои едноставни активности. Пофалете го ако го направи тоа како што треба, зашто така му ја зајакнувате самодовербата.

Околу третата година започнува социјализацијата. Во таа доба детето мора да сфати дека не е само на светот и дека светот не се врти околу него. Добро е на таа возраст да се најдат пријатели, па дури и да се расправа со приајтелите поради коцки или автомобили. А тогаш ќе му објасните дека треба да дели и да толерира.

Читајте му на детето и дозволете му тоа да раскажува што му се случило на градинка – без разлика дали е убава или неубава ситуација. Затоа што подобро е да искаже некоја своја лоша емоција, отколку да ја задржи во себе.

Бидете одговорен родител. Да се биде родител воопшто не е едноставно, тоа бара многу љубов и трпение, но запаметете дека вашето дете учи многу работи од вас, кои понатаму ќе го пратат во текот на целиот негов живот.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close