Новости

ТЕШКАТА СУДБИНА НА МАРИЈА ОД ЖИКИНА ДИНАСТИЈА: После трагедијата никој не ја видел- Сега е непрепознатлива!

Ријалда изјави дека за прв пат го играла ликот на Марија кога имала само 13 години

Ријалда Кадриќ, која ја освои публиката со улогата на Марија во серијата „Жикина династија“, која денеска живее во Лондон, објасни зошто никогаш не се вратила во Белград.

Ријалда сподели со јавноста шокантна вистина и откри дека за време на војната што ја погоди Југославија на почетокот на 90-тите години, нејзината мајка пoчинала ненадејно.

“Бев во Лондон каде го усовршував јазикот. На 16 јануари 1991 година, кога избувна вoјна во Заливот, мајка ми ненадејно почина на улица во Белград. Седев во станот во Лондон, гледав вести, слушав дека е почеток на вoјна, кога ме шокираше таа вест.

Аеродромот беше затворен и немав како да се вратам дома. Бев многу приврзана за мајка ми, и бидејќи таа веќе ја немаше, а војната во поранешна Југославија се ширеше низ целата земја, решив да останам во Лондон и да започнам нов живот“, изјави Ријалда, која и по сите овие години не ја преболе смpтта на нејзината мајка.

Ријалда изјави дека за прв пат го играла ликот на Марија кога имала само 13 години и изјави дека првиот бакнеж во животот го имала во овој легендарен филм.

“За прв пат во животот се бакнав пред филмските камери. И секако се однесував како зрела личност, затоа што сакав да покажам дека јас сето тоа го знам. Не советувам, пробајте без филмски камери”, рече Ријалда низ смеа и додаде:

„Фактот дека можеби изгледав позрело или дека некое дете и денес може да изгледа позрело, или интелектуално, не значи дека тоа може да го следи и емоционално“, рече таа.

Познатата Марија призна и дека не е во контакт со Боба, Владимир Петровиќ, не знае ни со што тој се занимава денес.

Риалда Кадриќ, беше миленичка на нацијата откако ја одигра Марија во серијата „Жикина династрија“.

Таа ја остави глумата и започна новинарска кариера. Во својата богата новинарска кариера, работeше и во Гласот на Америка во Вашингтон, САД. Моментално живее и работи во Лондон со семејството.

Продолжение на легендарниот југословенски филм Жикина Династија

Новиот филм „Луда година“ е продолжение на „Жикина династија“, односно ќе ја продолжи приказната на еден од ликовите што беше во оригиналот. Тоа ќе биде Никола Којо, кој како и во оригиналното остварување ќе го игра внукот на Жика, Миша. Тој сега во филмот е татко на две момчиња, од кои едниот е тинејџер, на прагот на оние „луди“ години.

Фото: Принтскрин

Случувањата во семејството на Жика Павловиќ, кого го глумеше маестралниот Драгомир Бојаниќ Гидра, привлекуваа милионска публика, уште од првиот дел во „Луди години“, снимени во 1977 година.

– Вљубениот млад пар Марија и Боба поминаа низ секакви перипетии со своите семејства низ продолженијата на серијалот.

Фото: Принтскрин

Бројните репризи на телевизиите на овие филмови се уште бележат голема гледаност, па затоа и ќе се снима продолжение.

Фото: Принтскрин

Автор на сценариото е Милена Марковиќ, професорка на белградскиот ФДУ, која е сестран автор, но воедно е и ќерка на човекот што го потпишува оригиналното сценарио на ова легендарно југословенско остварување, Јован Марковиќ.

Фото: Принтскрин

Во центарот на приказната овој пат се наоѓа внукот на Жика, Миша, кој како и во оригинално ќе го игра Никола Којо.

Фото: Принтскрин

Во филмот ќе се појави и убавата Марија, ликот што триесет години подоцна повторно ќе го толкува Раилда Кадриќ Шебек, но се уше не е познато кој ќе биде Боба.

Фото: Принтскрин

Владимир Петровиќ, актерот што го играше ликот на Боба, живее во Белград. Има две деца и се занимава со маркетинг, а во една пригода изјави дека токму заради Луди години не запишал глума – со договор бил врзан за овие филмови, а во тоа време студентите на Факултетот за драмски уметности во Белград не смееле да играат јавно. Иако беше еден од најпрепознатливите ликови во овој култен југословенски филм, тој денес толку се променил што луѓето не би го препознале ако случајно го сретнат на улица.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close