Новости

Еве како изгледал Џеј на неговата свадба: Нада е вистинска убавица- погледнете како изгледа денес!

Иако беа разведени Џеј секогаш велеше дека таа е негова најголема љубов

Во Котеш, белградска населба во која некогаш живееше познатиот пејач Џеј Рамадановски, е и семејната куќа што ја купил пејачот во осумдесеттите години од минатиот век а била најубава во околината.

Во неа познатиот боем живееше заедно со неговата сопруга Нада до 2004 година. Сега во него живее Бојан Р. со своето семејство.

Многу ни е жал. Тој беше голем човек и пејач, омилен сосед. Живееше тука со сопругата – изјави сегашната газдарица за српски Курир.

Сите во околината имаа само пофални зборови за покојниот пејач. Кога се разведе, се врати во Доркол, а неговата сопруга остана да живее во Котеш. Нада не може да го напушти станот поради тага и болка.

 

И розата на Џеј овена. Иако тие беа разведени, сепак Нада е единствената жена која Џеј искрено ја сакаше. Таа му подари две прекрасни ќерки кои се совршено воспитани. Често доаѓаше тука. Мислам дека се чувствуваше како дома – вели соседката Љубица.

Порталот успеа да дојде и до фотографија од венчавката на Нада и Џеј.

Фото Курир.рс

До последниот ден од животот, тој велеше дека таа е најдобрата жена на светот, иако не успеаа да го одржат бракот.

Дека таа беше љубовта на неговиот живот, докажува и тетоважата со нејзиното име на неговата рака, а тој честопати посочуваше во медиумите дека и е благодарен што успеа да го истрпи и во најлошите изданија на животот.

 

Нада никогаш не сакаше да се експонира во јавноста, а со оглед на најемотивните народни песни, на сите им е јасно за каква љубов станува збор.

Колку ја сакаше Нада, иако беа разведени, покажува и фактот дека во неговото последно интервју тој зборуваше претежно за неа и тоа со многу љубов.

– Колку и да талкав, секогаш доаѓав дома, се обидував да бидам совршен сопруг, но мислам дека денес сум подобар поранешен сопруг отколку што бев во брак – изјави Џеј во емисијата „Улица Балкан“.

 

Еве како изгледа Нада денес.

 

Српскиот пејач на народна музика Џеј Рамадановски почина во сон на 57-годишна возраст, а целата естрада и семејството на починатата легенда се завиени во црно од овој настан.

 

Џеј зад себе остави две ќерки – Ана и Марија

И додека едната од неговите ќерки, Ана јавноста имаше можност д аја запознае по скандалозниот брак со популарниот пејач Адил, помалата жерка на Џеј, Марија ретко се појавува во јавноста.

 

Тој во една прилика изјави дека Марија не се занимава со јавна работа, туку завршила училиште за нега и убавина, и дека до сега има шминкано многу јавни личности.

Како што покојниот пејач зборуваше, Марија физички потсетува на мајка и, но карактерно е на него.

Освен тоа, талентрана е и за музика, но се уште не изразила желба да го наследи својот татко.

 

Џеј Рамадановски ќе биде погребан во петок, на 11 декември во 14.30 часот, открива српски Курир, во Алејата на заслужни граѓани.

 

Фото Курир.рс

 

Семејството ќе прима сочувство во капелата од 14 часот. Поради пандемијата на коронавирусот, комеморацијата нема да се одржи.

 

Кралот на народната музика, како што се дознава Курир, ќе почива покрај актерот Иван Бекјарев.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close