Кафе муабет

Овие 4 хороскопски знаци никогаш не простуваат и немилосрдно ќе ве избришат од својот живот

Ако еднаш ги повредите силно - засекогаш ќе ги изгубите.

Ако еднаш повредите личност родена во следниве хороскопски знаци, очекувајте дека бувкално ќе бидете отстранети од нивниот живот, како никогаш да не сте постоеле.

Овен

Ако сериозно ги повредите Овните, тие ќе ви го свртат грбот и нема повторно да ве погледнат. Тие не сакаат да го трошат своето време на луѓе кои би можеле да ги издадат во секое време. Ако сте среќник, може да добиете само ЕДНА повторна прилика за средба…

Лав

Лавовите знаат да бидат многу романтични, великодушни и лојални кон оние кои ги сакаат. Сакаат да бидат заљубени, но најмногу сакаат да бидат сакани од другите. Лавот размислува вака: ако јас можам да ти бидам верен на тебе, нема причина ти да не си ми верен мене. Во неговото срце нема место за оние кои не планираат да бидат лојални.

Скорпија

Скорпиите добро знаат што сакаат, а што не сакаат. Ако повредите Скорпија, таа тоа ќе го почувствува многу лично. Еднаш кога овие личности ќе ви се доверат и ќе ви се отворат (а тоа не го прават со многумина), мора да бидете свесни дека таа тајна треба да ја чувате сериозно.

Водолија

Водолиите сакаат да се грижат за другите, посебни се и полни со разбирање. Може да станат пријател со кој било, но не поднесуваат лаги, крадци и личности со лоши намери. Може да се преправаат дека ви простиле, но никогаш нема да ја заборават навредата и личноста која ги повредила.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close