Дом и семејство

ОЧАЈНА МАЈКА: Свекрвата не го сака името на мојот син, па одлучи да го смени!

Свекрвата одбрала име за нејзиното бебе

Родителите се оние кои секако го сакаат само најдоброто за своите деца.

Foto: 123RF

Децата секогаш ќе останат деца за родителот дури и кога тие ќе пораснат и ќе основаат свои семејства.

Понекогаш родителите одат дотаму што ја преминуваат границата и почнуваат да создаваат проблеми за семејствата на своите ќерки или синови.

 

 

Ова е токму случајот на жена која тврди дека свекрвата никогаш не ја сакала и дека сега и создава проблеми по раѓањето на внукот. Новата мајка на социјалната мрежа Редит ја сподели својата приказна, велејќи дека нејзината свекрва не го сака името кое го избрале за нивното бебе, и дека се обидела да го смени.

Имено, како што напиша, таа и нејзиниот сопруг му го дале името Емил на момчето, но свекрвата наместо тоа започнала да го нарекува Мајлс. Да бидат работите уште полоши, бабата на социјалните мрежи со своите пријатели споделила дека името на детето е Мајлс.

„Во текот на целата моја бременост, таа го нарекуваше своето бебе како нејзино бебе и многу гласно се спротивставуваше на сите имиња за кои размислував“, пишува оваа мајка.

Можеби најголемиот проблем е што нејзиниот партнер не гледа проблем во однесувањето на неговата мајка затоа што тој го доживува името Мајлс само како „прекар“ што бабата му го дала на внукот.

“Името кое таа му го даде дури воопшто не наликува на неговото вистинско име, кое таа не го споменува. Детето има само три дена а таа веднаш започнува со расправии, а не го ни видела поради карантин. Таа воопшто не ме почитува, и незнам што да правам со ова, пишува мајката на „ Редит “.

Повеќе од 200 луѓе одговориле на нејзината објава, и повеќето застанале на нејзина страна неа и остро ги критикувале постапките на нејзината свекрва, пишува Мирор.

Извор: Index.Hr.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close