Дом и семејство

Три најчести причини за развод!

Не е се изгубено ако хемијата исчезна за момент, може да се врати...

Еден од предусловите за квалитетен брак е да имате отворена врска со партнерот. Ова значи дека можете да споделите среќа и тага, грижи, успеси, стравови, најинтимни чувства со него …

фото илустрацја

Дејвид Акива, советник и едукатор за брак, ги набројува трите најчести причини зошто паровите се разведуваат:

фото илустрацја
фото илустрацја

Мојот партнер ми е најдобар пријател…

Акива вели дека ова е важен знак дека можеби сеуште сте длабоко вљубени еден во друг. Паровите кои се заедно долго време често го споменуваат ова како тајна на среќна врска. Не е се изгубено ако хемијата исчезна за момент, може да се врати.

фото илустрацја

Повеќето парови мислат дека заљубувањето мора да биде страсно и опојно како на почетокот на врската. Но, тоа е само романтична фаза. По првите неколку месеци до една година, сосема е нормално оваа фаза да исчезне и да започне фазата “мојот најдобар пријател”.

фото илустрацја

Мала или никаква интимност

Ако сакате да го вратите сексот во бракот, мора да ја вратите љубовта, вели Акива. Тоа е толку едноставно. Ова го прават најдобрите пријатели во здрав брак. Најновите истражувања покажуваат дека емоционалната интимност е клучот за сексуалното исполнување на жените. Истражувачите кои стојат зад студијата открија дека „љубовта го прави сексот физички попријатен“ за жените, така што оние кои ги сакаат своите партнери, велат дека се чувствуваат помалку ограничени и поспремни да ја истражат својата сексуалност.

фото илустрација

3. Нема повеќе вистинска комуникација, се расправаме!

Кога ќе научите правилно да ги изразувате и прифаќате емоционалните потреби кај партнерот – кавгите и другите негативни однесувања ќе исчезнат.

фото илустрацја

Тешкиот развод остава трајни последици врз здравјето на детето!

Доколку партнерите се решат на ваков чекор треба да внимаваат на однесувањето и како разводот ќе влијае на детето, бидејќи тешкиот развод остава трајни последици врз здравјето на детето!

фото илустрација

Резултатите покажаа дека децата на разведени родители кои не зборуваат едни со други имаат трипати поголем ризик да се разболат и во младоста и во зрелоста.

Разводот на родителите не само што предизвикува страдање во детството, туку и морбидитет во подоцнежниот живот, покажува една нова студија.

фото илустрација

Научниците дошле до ова откритие со намерно инфицирање на 200 здрави возрасни лица со вирус на настинка (од кои 51 пораснале само со еден родител, а родителите не разговарале едни со други). Потоа ги ставиле испитаниците во карантин шест дена и чекале да видат кој од нив ќе се разболи.
Резултатите покажаа дека децата на разведени родители кои не зборуваат едни со други имаат трипати поголем ризик да се разболат и во младоста и во зрелоста.

фото илустрација

Од друга страна, кога разведените родители се во пристојна врска, ризикот да се разболат не е поголем отколку кај децата од успешни бракови.

„Ова значи дека само да се биде одделен од едниот родител не го зголемува ризикот, туку тоа го предизвикува лошиот развод“, вели Мајкл Марфи од Универзитетот Карнеги Мелон.

фото илустрација

Нема идеален развод, но секако многу зависи од тоа колку е стресно за детето.

Научниците се согласуваат дека добрата комуникација и соработка помеѓу разведени родители е клучна за децата да го поминат овој тежок период со што помалку последици.

Фото Илустрација
фото илустрација

За жал, во некои случаи тоа не е можно, особено кога во средината има семејно насилство. Заклучокот е дека во иднина треба да се посвети поголемо внимание на испитувањето на последиците од разводот и начините за намалување на ризикот по здравјето на децата.

фото илустрација

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close