Uncategorized

Дружете се и забавувајте се: Идеи за есенски игри со вашите деца

Есента е тука- да ја искористиме на најубав начин.

Во многу случаи децата брзо се заситуваат од играчките кои ги поседуваат. Веруваме дека многу пати вашите деца си играле со картонски кутии, разна амбалажа, кујнски прибор, тенџериња… а не со многуте играчки на кои сте потрошиле илјадници денари.

Но, децата се мали истражувачи и сакаат да истражат се’ околу себе, да ја разгледат околината и така да ја поттикнат својата љубопитност, која им помага во спонтано учење. Бидејќи есента е веќе овде, искористете ја на најдобриот начин, така што себеси и на вашите најмили ќе си обезбедите добра забава, а притоа веруваме дека ќе се наполните со позитивна енергија преку некоја од овие игри.

Листови: направете круна од есенските листови и децата нека се преправаат дека се крал/кралица.

Костени: одлични за учење на броење, собирање, одземање… весела активност, а притоа вашите деца ќе учат преку забава.

Гранки: искористете ги така што ќе создадете куќичка за омилените играчки, ќе правите венец и слично.

Боење: одберете есенски бои и цртајте ја природата.

Собирање листови: правете колекција од разни листови кои паѓаат од дрвјата. Селектирајте ги според боја, големина, форма…

Бидете креативни и пуштете ја фантазијата да ве води. Навистина има многу активности кои можете да ги правите надвор со вашите деца, додека дозволуваат временските услови. Така ќе создавате многу спомени за паметење, а притоа ќе избегнете и долго седење пред екраните.

Среќно!

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close