MAMA

Учителка испрати искрена и важна порака до сите родители – и неуспехот има вредност, не го заборавајте тоа!

Жената која седи пред мене ја знам повеќе години. Дојде по којзнае кој пат на отворената врата. Ги учев нејзините три деца и поминавме многу време заедно.

За тоа време станавме добри пријателки. Таа е совесна мајка која ги сака своите деца со сето срце. Нашиот однос секогаш се засноваше на искреност и јас секогаш се трудев искрено да и зборувам за успехот на нејзините деца. Загрижено рече: „Оценките на Марија се добри, не сум загрижена поради оценките, ме загрижува тоа тоа што повеќе не сака да учи“. Единствено што можев во тој момент е со климање на глава да ја потврдам нејзината загриженост. Потполно е во право. Забележав само дека Марија последните неколку пат не сака да учи како порано. Одговорот на прашањето што тргнало „на лошо“ ми беше на врв на јазикот, но бев растргната меѓу одговорноста да и помогнам на Марија, и фактите дека мајката на Марија не е подготвена да го слушне она што имам да и го кажам.

Ние сме виновни. Ние – нејзините родители, учители и општеството генерално. Ние извршивме злосторство против знаењето

Вистината, за мајката на Марија, а и многу други родители, е дека нејзиното дете ја жртвувала природната љубопитност и љубов кон учењето, поради петките, медалите и успехот. Ние сме виновни. Ние нејзините родители, учители и општеството генерално. Ние извршивме злосторство против знањето. Од првиот ден на училиште, се насочивме кон олтарот на успехот и ја истрениравме да го мери својот напредок со оценки, поени и награди. Ја научивме дека нејзиниот потенцијал е тесно врзан за нејзината интелигенција, а нејзината интелигенција е многу поважна од нејзината личност. Ја научивме дека дома со гордост се носат само петки, трофеи, медали и стипендии, а дека не не интересира колку напорно работела за да го постигне тоа. Ја научивме да ги штити академските достигнувања до таа мера да се откаже штом забележи дека предизвиците стануваат потешки и се закануваат да ѝ го загрозат досегашниот успех. Тој страв е одговорен за рушење на нејзината љубов кон учењето.

Мајката на Марија изгледа загрижено, држи молив во рака, подготвено е да го запише секој мој совет. Се обидувам да најдам најдобар начин да и објаснам дека секојдневното критикување и истакнување на важноста на добрите оцени и добрите резултати, не само што ја туркаат Марија уште повеќе да се потпира на мајката и нејзините способности да ги решава проблемите, туку и да ја учат дека достигнувањата се далеку побитни од трудот кој Марија во вложува во нејзиното образование. Марија е толку преокупирана со желба да им удоволи на родителите, па нејзината некогашна љубов кон учењето се претвори за желба за признание.

Желбата на нејзината мајка Марија да биде добар ученик доаѓа од љубов. Во тоа нема сомнеж. Таа им посакува се најдобро на своите деца, но начинот на кој тоа се обидува да им го наметне се заканува да стане камен на сопнување до вистинскиот успех.

Најбезбедно за неа е да биде на сигурно и да не се јавува, ниту обидува. Дали го сакаме тоа? Дали сакаме децата да добиваат петки, но го мразат учењето? Деца кои се гордеат со академски успех, ама се плашат од ризик?

Марија е многу паметно девојче, има високо зацртани цели и од себе очекува совршенство. Мајката на тоа ја потсетува секојдневно. Но, она што кај Марија не се цени и пофалува е нејзиниот труд кој го вложува во тешките математички проблеми или научните истражувања. Таа не знае дека не е важно ако го згреши одговорот, се додека по патот низ задачата учиме нешто. Колку и да ни изгледа лудо, таа учи токму во тие тешки моменти. Учи како покреативно да пристапи во решавањето на задачите. Се учи на самоконтрола и истрајност. Меѓутоа, таа е премногу исплашена од неуспехот и затоа престанала да ужива во интелектуалните предизвици и ризици. Сега веќе има проблем да направи груба рамка за можни решенија за некоја задача или да даде хипотеза за некое истражување, не сака да зборува на глас пред сите во одделението. Таа знае дека ако се обиде со нешто ново и не успее, дека тој неуспех ќе биде доказ дека не е паметна. Најбезбедно и е да си биде на сигурно и не се јавува, ниту обидува. Дали го сакаме тоа? Дали сакаме нашите деца само да добиваат петки и да го мразат учењето? Деца кои се гордеат со академски успех, ама се плашат од ризик?

Мајка и ќерка

Мајката на Марија била многу успешна на училиште, успешна на работа и знае што е тешка работа. Нејзината мајка не дозволувала неуспех, и да си игра и да учи заради учење. Сега кога таа е родител, ја изгубила од вид вредноста на борбата. Премногу е загрижена за училишниот успех на Марија за да и дозволи да учи низ борба и предизвици. Сака Марија да има се, но заборава дека и нејзините најубави детски искуства доаѓале токму од бројните обиди, грешки и успеси на крајот на краиштата, све заради авантура и задоволство во стекнувањето на нови знаења.

Ја познавам жената која седи покрај мене, зошто таа е иста како и јас. Тешко ми е да и ја кажам вистината, зошто од една страна се плашам да не се налути, а од друга страна ми е тешко да ги признаам и сопствените родителски грешки. Можеби е крајно време да и ја кажам вистината, за да можеме со заеднички сила да се поправиме и да им помогнеме на децата повторно да ја откријата храброста, ентузијазмот околу учењето и отпорноста на се што ги чека во растењето. Со малку среќа, ќе гледаат со насмевка на своето детство и ќе ни бидат задоволни, не само за безусловната љубов, туку и на нашата волја и желба да вложиме во работите кои ќе имаат далекусежен ефект на нивниот развој и емотивна состојба, пред краткорочната среќа која ја носат оценките. Ќе ни бидат благодарни на нашата волја да ги пуштиме нивните животи да им бидат малку потешки денес, за да знаат да се носат со предизвиците кои животот ги носи утре.

Длабоко вдишувам и ѝ кажувам како стојат работите.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close