MAMA

2 клучни симптоми кои ќе ни помогнат да знаеме дали имаме сезонски грип или корона вирус

Само овие два симптома можат да ни помогнат да знаеме

Само овие два симптома можат да ни помогнат да знаеме

На помалку од два месеца сме до почетокот на епидемијата на сезонски грип, кој би требало да се судри со третиот бран на вирусот. Бидејќи и двете болести имаат многу слични симптоми, постојат неколку разлики што ќе ни помогнат да разликуваме на кој од овие два вируси сме „закачени“.

Симптомите на грип се појавуваат многу брзо и вклучуваат ненадејна треска, болки во телото, чувство на умор и истоштеност, сува кашлица , болки во грлото и главоболка. Тешкотии во спиењето, губење на апетит, дијареја или болка во стомакот, како и чувство на гадење што се јавува со грип, исто така, се поврзани со вирусот корона.

Па, кои се двата клучни симптоми за да се направи разлика помеѓу корона и грип?

Арнолд Монто, епидемиолог на Универзитетот во Мичиген, изјавува дека еден од начините да се направи разлика помеѓу грип и коронавирус е губење на мирис, иако се јавува кај обата вируси.

Луѓето со грип или сериозна настинка, исто така, можат да го изгубат чувството за мирис, но разликата е во тоа што кај децата губитокот на мирис е ненадејно и посилно, што влијае на можноста да се разликува слаткото од горчливо и може да се случи без затнат нос, што не е случај со грипот. Друг симптом што може да помогне да се разликува коронавирусот од грип е диспнеа или отежнато дишење.

Ова е уште еден симптом покрај наглото губење на мирис без затнат нос, што вирусот корона не го дели со грипот.

Со генетска анализа на пациенти заболени од ковид-19, извршена со помош на суперкомпјутер „Самит“ забележан е брадикинин, природна хемиска состојка која го регулира крвниот притисок, која би можела да објасни многу од аспектите на ковид-19 и одредени симптоми од болеста.

Компјутерот, кој се наоѓа во Националната лабораторија во Оук Риџ во САД, анализирал 40.000 гени од 17.000 примероци, објаснува експертот за вештачка интелигенција Томас Смит.

Резултатите од анализата помагаат да се разбере зошто САРС-КоВ-2 кај одредени пациенти предизвикува васкуларни проблеми, како што се мозочен удар и воспаленија на кожата или прстите на стапалата, но и навестува какви нови терапии доаѓаат во предвид за лекување на најтешките симптоми.

Поради васкуларните симптоми лекарите на првата борбена линија со вирусот набрзо сфатиле дека давањето кислород и интубација кај многу тешко заболените пациенти не носи секогаш сакани резултати. Малку – помалку сфатиле дека кај најтешките случаи сmртта настапила како последица на цитокинска бура, претерана реакција на имунолошкиот систем која ги уништува виталните органи.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close