MAMA

Интересно откритие: Антителата од мајчиното млеко во борба против коронавирусот

Мајчино млеко - волшебен напиток.

Мајчиното млеко е волшебен напиток за кој, помеѓу другото, е докажано дека го зајакнува иминитетот и помага во борбата против алергии, а поради антителата кои ги содржи во себе, научниците го проучувале и во борбата против коронавирусот.

АНтителата се важен дел од имунолошкиот состав на човековото тело. Кога вирусот, бактериите или другите закани ќе го нападнат телото, нашето тело произведува антитела за борба против инфекции. Сега е клучно прашањето во која мера антителата кои се создадени во телото на личноста заболена од коронавирус, штитат од повторни инфекции.

Иако научниците се’ уште се внимателни со нивните изјави, се чини дека антителата може да бидат клучно оружје во борбата против коронавирусот.

Ребека Павел, истражувач од Медицинскиот факултет во Њујорк, ја испитува присутноста на антителата во мајчиното млеко на жени кои биле изложени на овој вирус. Таа се фокусира на антителата кои ги носи мајчиното млеко, а кои може да имаат некои биолошки предности.

Видови антитела кои се наоѓаат во мајчиното млеко се многу потрајни од антителата во човековата крв, објаснува таа.

Без оглед дали жената била позитивна на болеста или не, ако била изложена и моментално е здрава, тоа значи дека нејзиното тело можеби веќе тргнало во акција на создавање антитела. Тие би можеле да бидат пренсени во мајчиното млеко за да се заштити нејзиното дете од болести.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close